„За или против“: Битка за преживување – работниците за плати, функционерите за луксуз

Дали е во ред зголемувањето на платите за 78 проценти на сите функционери во Македонија? – одговараат универзитетскиот професор Лазар Јовевски и Благоја Ралповски, претседател на Кофедерацијата на слободни синдикати, кои беа гости во вечерашната емисија „За или против“ на телевизија Алфа.

  • „Ако имаме најниско платени професори во Европа, во Европа потенцирам, ако имаме толку ниско платени професори во основно и во средно образование, во градинки, кои работат со договор на дело, ако имаме невладеење на право, ако имаме илјадници други проблеми, тогаш сето ова што се случи со овие 78% зголемување на платата на избраните и именуваните функционери, е навистина нешто што создава револт, апсолутно создава ревоволт. И никој не би се побунил да имаат избраните функционери и 5 илјади евра, ако си ја работат работата како што треба. Но граѓаните, според анализите, граѓаните се навистина се револтирани, се назадоволни од она што е дадено да работи во интерес на граѓаните. И тие во една ваква ситуација очекуваат платата да се намалува, а не да се зголемува“ одговара професорот Јовевски.
  • „Коефицинетите и процентуално, поради тоа што за нас е недозволиво линеарното. Повторно ќе кажам она што беше, „Ајде да бидеме солидарни со Владата на први мај“, ние не сме солидарни. Ние сме си го бараме нашиот дел. Еве јас немам ништо против 78% нека се зголемат нивните плати, но нека се зголемат и нашите плати. Процентуално. Како кај нив процентуално, така и кај нас. Линеарно зголемување на платите, повторно ќе кажам, незнам дали постои некаде во Европа или на Балканот “ вели Ралповски.

Апел до синдикатите, до работодавачите но и до Владата упати универзитетскиот професор Јовевски, за луѓето да не си заминуваат од Македонија.

  • „Мораме да одиме напред, платите мора да се зголемуваат, се согласувам дека процентуалното решение е најдобро решение кое што треба да оди во насока на зголемување на плати, и навистина секој работник ја заслужува својата награда. Оној го што работи, треба да биде награден, треба да има достоинствена плата и да биде награден за да има достоинствен живот затоа што во Македонија, не надвор од Македонија. Дефинитивно сметам и упатувам еден апел со сите соцјални парнери да изнајдат едно решение за луѓето за да се задржат во Македонија. Една алка е платата, да, но има и други аспекти, а тоа е атмосферата, коруптивноста и невладеење на правото. Затоа во идниот период треба да работат и синдикатите, и работодавачите како и владата за да се изнајдат вистински решенија за луѓето да останат тука“ вели Јовевски.

Целата емисија „За или против“ можете да ја погледнете на следниот линк.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста