Пеливанов ќе ја „грее“ фотелјата на Русковска до нејзиното враќање или изборот на нов шеф

Ќе работи ли нешто или само ќе прима пошта? Пеливанов ја наследи Русковска, ама дали ќе ги продолжи и нејзините истраги и предмети? Пеливанов за да ја преземе функцијата, дури и го прекинал одморот. Според наши информации тој вчера вечерта се вратил во Скопје, а денеска е на работа.

Шефицата на организиран, Русковска зад себе ја остави истрагата за екс директорот на Финансова, Арафат Муареми како и истрагата за техничките центри при МВР. Но, Пеливанов само ќе треба да ги распредели по азбучен ред кај другите обвинители. Извесно е дека предметот за Муареми ќе падне во рацете на Лиле Стефанова, бидејќи таа е единствениот обвинител кој истражува полициски криминал.  

Дека Пеливанов ќе прима само пошта, потврди и претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски.

„Трајче Пеливанов се определува само како времена замена, не е вршител на должноста. Тој е определен колку во меѓувреме да може да прима пошта, да потпишува, да може да се подига плата, не е како класичен вршител на должноста, а ова е законски регулирано во член 9 за Совет на јавни обвинители.“ – вели претседателот на Совет на јавни обвинители, Антонио Јолевски.

Откако почнаа пресметките во највисоките ешалони во истражните органи и кадровските промени,  јавноста постојано коментира дека зад разрешувањето на шефицата на Русковска стојат предистраги за актуелни функционери. Русковска призна дека имала притисоци од власта, за тоа што го работи, па дури и за веќе отворени предмети.

Откако Русковска го доби решението за суспензијата, нејзината прва замена беше Лиле Стефанова. Откако и Советот го потврди оддалечувањето од функцијата на Русовска, го назначи Пеливанов како нејзин заменик. И двајцата, Стефанова и Пеливанов, беа дел од тимот на осудената Катица Јанева.  

Пеливанов таму помина 4 години, од 2015 до 2019, а откако дојде во Обвинителството на Русковска, ги водеше предметите за невладината на Бојан Јовановски, “Меѓународен сојуз”, заедно со својот колега од СЈО, Артан Ајро.  Беше обвинител во случајот „Трезор“, кој се однесува на начинот на набавка на британска опрема за следење на комуникациите, а го отвори СЈО. Беше обвинител и во случајот “Таргет-Тврдина“, исто така отворен од некогашното Специјално обвинителство на Јанева, за следењето на комуникациите и на уништувањето на опремата од УБК.

Пеливанов  ќе ја менува Русковска најмалку два месеца, до кога се очекува, постапката да покаже, дали го спровела според закон, претресот во финансовата  полиција, или пак , Пеливанов ќе биде шеф на местото на Русковска, до ноември, кога истекува нејзиниот мандат и не биде избран нов главен овбинител во Организиран криминал.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста