„Патриотот“ Ковачевски копија на Заев: Лажен патриотизам за каков таков спас на рејтингот и тргање на вниманието од „Бехтел и Енка“

Лажен патриотизам за тргање на вниманието од скандалозниот договор со Бехтел и Енка и обид колку толку да се крене рејтингот кој е во слободен пад. На ова се должи најновата реторика на премиерот Димитар Ковачевски, сметаат познавачите. Според аналитичарот Синиша Пекевски, ваквиот патриотизам на човекот кој го прифати францускиот предлог, е целосно погрешен и задоцнет.

-Сака да го оттргне вниманието од по мене многу коруптивниот договор со Бехтел и Енка, за кој не само целокупната јавност, не само генерално, туку и експертската јавност е против него. Сметам Оваа негова е изјава е оттргување од тој момент. Втората работа што сака малку да покаже патриотизам и да го поткрене неговиот рејтинг пред јавноста, изјави Пекевски за Алфа.

Според новинарот Предраг Димитровски ова е веќе видено сценарио, истото го терал и владиниот и партиски претходник на Ковачевски

-Премиерот Ковачевски е само бледа сенка на претходниот премиер Зоран Заев, кој исто како и Ковачевски својот патриотизам почна да го манифестира непосредно пред локалните избори, што катастрофално ги изгуби, изјави Димитровски за Алфа.

Според Димитровски ова јасно покажува дека власта се подготвува за изборно соочување.

-Јас би рекол лажен патриотизам, доаѓа со задоцнување од најмалку година и половина. Овој наводен патриотизам претставува прв сериозен за наближување на парламентарните избори, вели Димитровски.

Новите ставови на човекот кој го прифати францускиот предлог, против кој македонските граѓани со денови протестираа

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, кажа вчера Ковачевски.

-Дискурсот кој што се користи од страна на Бугарија кон Македонија, за жал е многу сличен на дискурсот кој руската федерација го користи кон Украина, изјави Ковачевски во Рејкјавик, Исланд.

А доаѓа на само 10 месеци по неговото прифаќање, а на помалку од година пред претседателските и најмногу година до парламентарни избори. Слично предизборно патриотско будење пред две години имаше и Зоран Заев, човекот кој го договори менувањето на името на државата и го потпиша договорот за добрососедство со Бугарија.

-Мајко Македонија, порачуваше Заев пред последните локални избори.

Дека очигледно ова менување на плочата е координирано покажува и фактот што и другите владини функционери од СДСМ, почнаа доста често, случајно или не да го забораваат новото име на државата во своите објави на социјалните мрежи. Или воопшто го немате името на земјата или пак се користат само знаменца во објавите.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста