Универзитетот Скопје доби награда за општествена одговорност кон младите

Универзитетот Скопје изминатата година активно даде подршка за сите амбициозни и талентирани личности да се запишат и да стекнат знаење на една од најдобрите високообразовни институции во земјава. 525 стипендии  беа доделени во 35 општини ширум земјата, се стипендираа и стотици млади луѓе, талентирани спортисти, а Универзитетот Скопје даде и подршка за најдобрите средношоколци.
Токму овој гест и потег за стипендирање на млади, талентирани и успешни луѓе на Универзитетот Скопје му донесе награда за општествена одговорност од страна на групацијата Колор Медиа Плус.
Наградата му беше врачена на ректорот на Универзитет Скопје, проф.д-р Аце Миленковски кој во обраќањето пред присутните рече дека со овој потег, Универзитетот Скопје сака да ги задржи младите таленти дома, да вложи во нивната иднина, а тие своето знаење да го пренесат во Татковината.
,,Многумина политичари често пати знаат да се пофалат дека нивните деца студираат во Солун, но моите деца останаа во Македонија и се образоваа на Универзитетот Скопје. Да ги задржиме младите дома, да ја сочуваме татковината, бидејќи децата се нашата иднина”порача ректорот Миленковски.
Универзитетот Скопје ќе продолжи да стипендира млади луѓе, да создава знаење, да спроведува највисоки стандарди и секогаш да се стреми кон одличност во образованието, бидејќи убавата страна на учењето е тоа што никој не може никому да му го одземе, ниту наученото ниту самиот процес.
Универзитетот Скопје кој осумнаесет години создава знаења има добиено и диплома за квалитет од Светската туристичка организација при Обединетите нациии.Целта е да се генерираат успешни кадри во областа на економијата, маркетингот, туризмот и менаџментот, а дипломците веќе се врвни професионалци кои работат во реномирани компании на менаџерски позиции. Стипендиите беа овозможени преку Фондот за стипендирање „проф. д-р Љубе Миленковски“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста