ОЈО глуво на поттикнувањето на говор на омраза врз новинарот Петровски од Битиќи и Ковачевски

ОЈО глуво на поттикнувањето на говор на омраза врз новинарот Петровски од Битиќи и Ковачевски

Обвинителството нема да постапува по добрен глас за однесувањето и говорот на премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи кон новинарот на Алфа телевизија. Од ОЈО бараат репортерот доколку смета дека против него има сторено кривично дело или говор на омраза да си пријави по што обвинител ќе проверува дали има простор за постапување.

  • Доколку одреден новинар почувствува дека спрема него е сторено кривично дело со елементи на говор на омраза или дека со кривични дејствија е спречен во вршењето на службена должност, тоа може да го пријави во надлежното јавно обвинителство, кое ќе испита дали во наведениот настан има обележја на кривично дело кое се гони по службена должност“ велат од ОЈО за Алфа.

За разлика од сега, Обвинителството во низа наврати постапувало самоиницијативно односно оформувало предмет по допрен глас.

За обвинителите не е доволно што премиерот индиректно го обвини новинарот на Алфа за ксенофобија па дури и модерен фашизам.

  • „Прашањето ваше беше апсолутно некоректно…Денес во нашата држава имаме концепт за Европска Македонија кој што го предводи Владата и СДСМ, кој што го третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска или било која припадност. Меѓутоа имаме појава на еден популизам, кој што во својата основа има етнонационализам и ксенофобија, кој што за мене е форма на модерен фашизам. Ви благодарам на прашањата и се гледаме во наредна прилика“, му рече Ковачевски на новинарот.

Дополнително нема реакција од институциите ниту на однесувањето на член на обезбедувањето на Фатмир Бетиќи кој буквално го истурка новинарот кога тој сакаше да му објасни на вицепремиерот дека прашањето воопшто не е насочено кон Албанците, туку кон политичката партија ДУИ, впрочем како што и беше поставено.

  • „Не можете да не оставите нас Албаниците… “ – „Не, господине Битиќи, прашањето беше за партија не за националност…“

Три дена по некоректното однесување и одговарање на прашањето поставено од репортерот на Алфа ТВ, се уште нема извинување ниту од вицепремиерот Битиќи ниту од Илинденска. Наспроти тоа, премиерот ден потоа се обидуваше да го оправда заминувањето на Битиќи, кој ја изврте тезата на поставеното прашање на национална основа.

Ова не е прв пат функционерите од партиите на власт да ја прегазат линијата кога новинарите поставуваат прашања кои не им одат во прилог на владините политики. Министерот за економија во повеќе наврати не се однесуваше коректно. Бектеши пред неколку месеци влезе во конфликт со новинарите, по што се извинуваше на социјалните мрежи.

  • Вие не сте повикани тука да давате коментари, да поставувате прашања, ако мислиоте дека на прес центарот можете да давате коментари, тоа може да го направите во вашите емисии, рече Бектеши на 02.02.2023.
  • Вака сега, мислам дека секој ден треба да даваме одговор на исти прашања“, рече Бектеши во октомври минатата година.

Лидерот на инегративците отиде и чекор понатаму од владините функционери, па освен етикитирањето медиуми, Алфа и Телма ги нарече антиалбански телевизии, за што  тогаш реагираше и американската амбасадорка.

  • Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, порача Ахмети во јануари годинава.

На функционерското недолично однесување, вклучително и пред три дена, реагираат сите еснафски здруженија – ЗНМ , ССНМ , МАН  како и  ААВМУ.

Викторија Миткова

https://youtu.be/zE0qjEsqM4k
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )