Охриѓани ѝ пресудија на таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис бил сѐ, само не фашист“

Таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид не издржа ниту пет дена. Засега не се знае кој ја искршил, пријавено е во охридската полиција која истражува кој ја оштетил таблата на клубот. И додека кај македонскиот народ се уште не се стишува гневот по отворањето на бугарските клубови, Бугарија испраќа нови провокации. Продолжуваат да тврдат дека Цар Борис не бил фашист и соработник со Хитлер, главен за депортацијата на над седум илјади македонските Евреи во логорот на смртта, „Треблинка“. И покрај јасните историски факти дека Цар Борис е докажан фашист, тие сакаат да се зборува за него како спасител на 50 илјади Евреи од Бугарија. Македонија била таа која што зборувала нелогичности за Цар Борис, а властите во Софија воопшто не се спротивставиле.

  • „Цар Борис III не беше фашист. Бугарските власти треба да бидат поактивни и да ги штитат бугарските интереси. Цар Борис одигра одлучувачка улога во спасувањето на над 50.000 бугарски Евреи“, говори Георги Мандев од Бугарската национална платформа и фондација „Македонија“ .  
  • „Цар Борис бил се, само не фашист“ – рече Маргарит Мицев од Бугарско-еврејскиот научен институт.

Освен тоа што бараат да бидат внесени во уставот, непречено си отвораат бугарски клубови во Македонија, пак не се задоволни од условите кои ги добивале Бугарите кои живеат тука. Ниту со францускиот предлог, со кој Македонија е условена за европските интеграции, не ги задоволува апетитите на Бугарија. Од Бугарската фондација „Македонија“ тврдат дека осигурителната компанија ја откажала соработката со бугарскиот клуб во Охрид, а тоа за нив е насилничка политика.

  • „Осигурителната компанија на клубот „Цр Борис Трети“ во Охрид му се јавила на основачот и му кажала дека повеќе нема да го обезбедува, му се јавува во 10,30 часот и му кажаува дека нема повеќе обезбедување бидејќи тоа се бугарски шовинистички работи“ рече Маргарит Мицев од Бугарско-еврејскиот научен институт.

И во Македонија не стивнува бесот за отворањето на бугарските клубови. Последно, пред Уставниот суд Адвокатот Тони Менкиноски поднесе иницијатива кој ќе треба да оцени дали програмата за работа и статутот на здружението “Цар Борис Трети” од Охрид се во согласност со уставниот поредок на земјата.

  • „Неспорно може да се утврди оти програмата и статутот на здружението се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија и разгорување на национална и верска нетрпеливост“,се вели во иницијативата.

И праксата на Европскиот суд за човекови права која покажува многубројни случаи во кои негирањето на фашизмот и Холокаустот поттикнуваат омраза и нетолеранција. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста