Предлог-законот за бугарските здруженија на ВМРО-ДПМНЕ доби меѓународна поддршка, Мицкоски ја очекува и од власта

Македонија треба да го забрани отворањето на сите културни институции кои промовираат нацизам или фашизам. Историските личности по кои се именувани веќе отворените два бугарски клуба, „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид,  биле поддржувачи на нацистичка Германија стои во реакцијата од Центарот Симон Визентал во Еуросалим. Отворањето на бугарските клубови со спорни имиња за македонската историја се слушна до израелската престолнина од каде со соопштение даваат поддршка за предлог- законските измени на пратеничката Рашела Мизрахи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според директорот за источноевропски прашања на Центарот, д-р Ефраим Зуроф, иако бугарското еврејство било спасено од депортација во нацистичките логори на смртта, Бугарите кои ја анектирале Македонија депортирале повеќе од 7.000 Евреи.

  • Практично, целата еврејска заедница од Македонија беше однесена во Треблинка, каде што беше убиен секој депортиран Евреин, вклучително и повеќе од 2.000 деца. Сегашната бугарска влада, како и многу други поранешни комунистички режими во Источна Европа го преработи наративот на холокаустот, за да го избрише своето активно учество на холокаустот во злосторства и ги изгради овие два таканаречени „културни центри“ за препишување на историјата и за да ги избрише нивните злосторства“ – нагласува Зуроф.

Подрршка за измените во законот за регистрација на здруженија предложени од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се стави крај на провокациите од Бугарија, претседателот на партијата Христијан Мицкоски очекува и од власта.

  • „Три месеци ја лажат македонската јавност дека они ќе предложат закон и видовме невидовме дека они не предложуваат, а клубови на соседни држави кои што носат имиња на докажани фашисти се отвораат низ Македонија, зедовме и ние предложивме и очекуваме поддршка од Владата или да кажат барем што е тоа што треба да се дополни во тој закон што не им одговара да го прифатат“, рече Мицкоски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на 7-ми октомври  поднесе закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со што ќе се спречи идно формирање но и реакција на веќе постоечките регистрирани здруженија во земјава.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста