Охрид СОС: Законот за заштита на културно наследство во Охрид ги уништи оригиналните градби и „збриша“ објекти

Законот со кој стариот дел на Охрид се прогласи за културно наследство од особено значење, е нефункционален и воопшто непримелив. Десетици градби се избришани од заштита,а на локациите на старите и оригинални градби во срцето на Охрид никнуваат цели индивидуални станбени згради. Новите градби не се ни копија на она што се урнало-рагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС.

Охрид СОС :Во делот на старата градска архитектура во Охрид избришани се од заштита 56 објекти, бидејќи во меѓувреме новите сопственици ги урнале (без дозвола или мислење од заводот), ги видоизменале, со што ја нарушиле оригиналноста, или изградиле нови објекти кои се различни од објектот кој бил внесен на листата. Никакви санкции за тие еднострани акти. Во заводот немале доволно вработени, не можеле постојано да контролираат кој што прави и какви намери има. Единствено што направиле е да ги прешкртаат во документот и со тоа да прекине нивната заштита

Здание на 4 ката забрзано никнува непоредно до охридскиот Завод и музеј, инститицијата која е задолженада го штити културното наследство и старото гратско јадро.

Ако се продолжи со вакви градви јас предлагам Парламентот да го измени, да го именува како закон за уништување на старото гратско јадро бидејќи во самиот закон стои дека габаритите на урбаните објекти не смее да се менуваат ни во ширина, ни во должина, ни во висина”-вели МИРЧЕ РИСТЕСКИ кој живее во стариот дел на Охрид.

На овој начин велат граѓанските активисти,не само што се уништува најзаштитеното гратско јадро,туку калето повеќе не може да го издржи притисокот на неконтолираната градежна ескпанзија која со години го обезличува Охрид.

Покрај статички што не може да издржи овој простор вакви објекти да се градат, се намелува визуленоста.Воопшто Охрид, старото гратско јадро ќе ја изгуби онаа универзална вредност што Унеско постојано ја потернцира, тогаш нема потреба што да заштитуваме ние”-вели граѓанскиот активист НИКОЛА КИСЕЛИНОВ.

Наместо одговорност за ваквите постапки кај оние кои ги спровеле, има молк и одобрување. Институциите се партиски дувла, како ќе го зачуваме културното наследство и старото градско јадро со вакви практики? Дали воопшто ќе престанат? Или за неколку години ќе треба да го преименуваме старото градско јадро во ново, со оглед на фактот што мнозинството градби тука се нови-рагираат граѓанските активисти.

Новинар Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста