Охрид полн-домашни и странски туристи ќе го чекаат Христовото Воскресение

Во седум милениумскиот град кој што секогаш знаел ширум да ги отвори портите за сите оние кои што сакаат веста за Христовото Воскресение да ја дочекаат тука, има живост. На Охрид му се восхитуваа бројни туристи од соседството како и странци,кои знаат да ги впијат убавините на тивкиот, спокоен Охрид. Велигден е велат,празник на радоста и среќата, а градот буди продуховени чувства.

АНКЕТА :1. Секоја година доаѓаме за Велигден , затоа што го сакаме Охрид.Се’ е убаво тука,има многу што да се види.Има манастири,езерски прошетки до Свети  Наум,голтка вода од Билјанините извори.Луѓето се питоми,со задовоство остануваме по 7 дена; 2.Јас сум од Полска,ова е многу убава земја.Овде сум три дена и воодушевен сум.Бев тука пред 5 години и повторно ќе се вратам;3.Ние сме од Турција,Охрид е убав ,мал град.Имате прекрасно езеро и топол,гостопримлив народ )

Градот со над 8.000 викенд станови,велигденски е полн,приватните капацитети и помалите хотели се половично исполнети,но поголемите хотели бележат минимална исполнетост,некои се дури и затворени.

Одлучивме за велигденските празници да не работиме од причини што хотелите како капацитет се многу големи, за да покриеме трошоци ни требаат минимум 50 гости. Најавата беше за околу 30 гости,одлучивме и покрај тоа што имавме резервација да ја префрлиме во друг хотел од причини што така и намалуваме трошоци”-вели хотелиерот Филип Мишески.

 Оваа година интересот за велигденските празници е доста поголем за разлика од минатата година”-вели Наташа Цветаноска, менаџер на хотел.

Гостите ужуваат во едночасовна прошетка по езерото вдолж целото крајбрежје од Канео до Свети Наум,љубопитно распрашувајќи.

“Имаме половина час прошетки околу стариот дел на градот и еден час прошетки и до Свети Наум ,но тие се помалку барани овој период”-вели Петар Танески.

Годинава празнично е украсен гратскиот парк и плоштадот со велигденски јајца.Во украсување на садниците учествуваа и дечињата од градинките и основните училишта.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста