Оставките на ДУИ засега депонирани само до Ахмети

„Евтини трикови не ви проаѓаат повеќе. Оставките ќе ви ги завери македонскиот народ на следните парламентарни избори по што следниот натпревар во фудбал ќе го изиграте во ‘Идризово’“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по поднесените оставки на министрите од ДУИ кои ќе важат само доколку опозицијата гласа за уставните измени. Опозицијата ги охрабрува оставките да ги депонираат уште веднаш, и да се оди на брзо избори за народот да може да се спаси од оваа криминална и корумпирана власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

  • „Од аспект на оставките на ДУИ, добро е што по 20 години се освестија. Но повеќе предлози на маса нема, единствениот предлог е предвремени парламентарни изброри. А во овој момент додека СДСМ се обидуваше да се охрабри, немаше да зависи ништо од ДУИ“ вели Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по социјалните мрежи на мајтап ја прифатија најавата за оставки на минситрите од ДУИ.

Инаку, предлогот за влада на национално еинство без ДУИ беше врзан со одложено дејство на уставните измени. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски пред еден месец рече дека предлозите што ги даде партијата на лидерската средба веќе не се на маса, затоа што Ковачевски имал доволно време да се прозинесе, но тој молчел.

За Демократскиот сојуз најлегитимно би било кога прв оставка би се поднел министерот за надворешни работи Бујар Османи кои заедно со премиерот Ковачевски и вицепремиерот Маричиќ водат поразителна надворешна политика за Македонија.

  • За почеток, од функцијата треба да се повлече Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија, вели Трајанов за Алфа.

Првиот вицепремиер Груби тврди дека биле спремни дури да се откажат од привремена влада и премиер Албанец само за иднината на земјата.  

  • За иднината на нашата земја сме подготвени да се откажеме и од привремена влада и од премиер Албанец и од нашите мандати. Од сé што е политички договор на коалицијата ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени“изјави Груби.

Со ова практично власта призна дека го нема 80 пратеници кои ќе гласаат Бугарите да влезат во Уставот. Дека уставните измени ќе удрат во ѕид, а владата го нема 2/3 мнозинство велат и информациите на претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Тој оценува и дека Декларацијата на СДСМ во однос на Илинден е во насока со која се покажува инфериорност и слабост.  

  • Идентитетот на секој народ може да се загрози само од припадниците на тој идентитет. Со „францускиот предлог“ ниту се загрозува, ниту се засилува македонскиот идентитет. Македонците се посебен народ, со свој јазик, свое писмо и култура независно од тоа како тоа се перципира од другите. Јас мислам дека нема потреба за никакви декларации, бидејќи таквиот начин на однесување покажува инфериорност и слабост, вели Африм Гаши во интервју за Локално.мк.

Но, најавените оставки не се знае дали писмено стигнале до премиерот, а сигурно не се донеставени до Собранието. Засега реално ја има само најавата од партискиот лидер Али Ахмети кој рече дека министрите од неговата партија поднеле оставки од функциите, кои ќе станат ефективни откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста