Османи: Да не дозволиме да се дефокусираме, да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации, моментот е сега!

Во пресрет на почнувањето на собраниската седница за уставните измени закажана за овој петок, министерот за надворешни работи Бујар Османи преку својот Фејсбук профил повикува „Да не сме дозволеле да се дефокусираме и да се дезориентираме, туку да сме го задржеле курсот и родителската одговорност пред идните генерации“. – Со месеци доаѓаа пријатели и министри од целиот свет и не охрабруваа со пријателски совет да се фокусираме на овие предизвици и да ја надминеме оваа последна формална пречка пред отворањето на големиот хоризонт на поглавјата од преговорите, напиша османи на Фејсбук

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста