Односите со Бугарија го зовреа Собранието на Седницата за пратенички прашања

Наместо цврст став, калкулации и анализирање – Владата нема конечна одлука дали бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ќе може да присуствува на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев во Скопје. 

Безбеносните служби правеле анализи дали Џамбаски ќе биде прогласен за persona non grata па по се изгледа тој ќе мора да дојде до граничниот премин па да ја дознае одлуката која ќе произлезе од таканаречените извештаи

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање дали ќе се прифати предлогот на Претседателот Стево Пендаровски и Советот на безбедност, на Џамбаски и останати лица од Бугарија кои поттикнуват провокации да не можат да влезат во Македонија , кажа дека граѓаните ќе биле безбедни зашто МВР ќе ги преземеле сите неопходни мерки.  За Ковачевски во Македонија немало антибугарска хистерија  како што некој сакал да презентира

„Кои се лицата кои што беа разгледувани на советот на Национална безбедност за прогласување на персона нон грата, бидејќи не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци“, го праша Ковачевски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Согласно извештаите и анализите кои ги имаат безбедносните служби и кои ги има МВР, на денот на одбележувањето и во деновите пред тоа, МВР ќе постапи согласно информациите и податоците кои ги има од свои извори и нормално од службите и согласно со заклучуокот на Владата, МВР да биде задолжено да обезбеди мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, посочи Ковачевски.

Премиерот и министрите од Владата одговараа и на прашања поврзани со економската и енергетската криза, инвестиции во културата, како и за спорен тендер за набавка на храна во МВР , но и за нефункционалноста на затворскиот систем во смисла дека Македонија има најмногу бегства од затвор.

Првите пратенички прашања за годинава започнаа со 35 минути задоцнување во полупразна сала , за што реагираа од опозицијата дека Владата нема сериозен пристап.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста