Новото полугодине не наговестува решавање на проблемите од првото

Покрај тоа што  половина година наставниците работат на принцип на  снаоѓање со материјали, стартот на второто полугодие не ги дава ни надежите за подобри услови и за вработените во секторот образование. Се уште не било  потпишано ветеното зголемување од 3,4 проценти,  а дополнително нацрт –законот за систем на плати во јавната администрација ќе оневозможи вработените да се изборат за корекција на и онака ниските надпросечни плати во образованието. Независниот синдикат реагира дека сега  во одредени средини им се заканува и губење на работните места поради големото иселување, а и закана за нивните плати.   Се на се оценката е дека стартот на втората половина од учебната година е нецелосен и неквалитетен.

Се уште не е потпишано ветеното покачување поради кое заврши штрајкот од 3,4 проценти .Во однос на делот за законот за плати ние први реагиравме дека на таквиот начин ќе се намали влијанието на синдикатите се намалува влијанието на работникот како преку штрајк, во било која форма  за да ја корегира ниската подпросечна плата поготово онаа која ја имаме ние во секторот образование , реагира Томислав Гиевски од независниот синдикат на образование и наука

За новиот предлог закон реагираа и од СОНК дека истиот е против уставен и дискриминирачки , но Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска не гледа така. За неа ова е Закон кој ќе воспоставел правда во платите и била првична верзија за која можело да се разговара.

Додека Министерството за образование се пофали дека имало успешен одложен старт на втората половина од учебната година со најава за капитални инвестиции, и дистрибуција на учебници која не знаеме кога ќе се случи, ситуацијата во училиштата кажува сосема поинаква слика. Децата седнаа на школските столчиња, ама на клупите се уште немаат учебници за голем број предмети .   

Се на се стартот на второто полугодие беше нецелосен и неквалитетен поради што недостигаат учебници и за средно и за основно образование . Најголемо помагало на ученикот, па и на просветниот работник е учебникот, додава Гиевски.

Сериозен предизвик оваа учебна година беа и константите дојави за бомби во првото полугодие, случај кој МВР се уште не успеа да го реши . За среќа новото полугодие започна без вакви дојави, а како ќе се надополнат изгубените часови од првата половина во основно и средно образование МОН сеуште нема јасен план.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста