„Армија“ полицајци ќе ја чува црквата „Св. Спас“ од можен конфлик на Македонците и туристите од Бугарија

Вооружени со шлемови, панцири, пендреци и штитови стотина, ако не и повеќе  полицајци и специјалци ќе ја стават во обрач црквата Св. Спас во Скопје на 4-ти февруари за да може да се прослави роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев. Роденденот на човекот кој „светот го разбирал како поле за културен натпревар меѓу народите“ ќе се слави на исто место ама на две страни, на едната Македонците на другата Бугарите, раздвоени под силни безбедносни протоколи.

МВР не опткрива детали точно кои мерки ќе ги преземе, но меѓу другот се очекува да прави и скининг на граница – ќе проценува кој доаѓа од Бугарија само за да провоцира.

  • „Владата вчера разговараше на оваа тема, го заложи МВР да преземе надлежности во зачувувањето на безбедноста и стабилност во соработка со Агенцијата за национална безбедност“, изјави Спасовски.

Македонци и Бугари веќе не можат да седат ниту на стадион. Официјлано, поради т.н. безбедносни причини беше одложен и фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Скопје и Пирин од Благоевград денеска. Навивачката група го побарала тоа, а клубот веднаш прифатил. Но зад безбедбносните причини повторно се крие бугарската политика. Наваивачите како главна причина за одлоѓувањето ја посочија наводните тензиите и омразата кон бугарскиот народ“. Не пропуштија шанса повторно да ја навредат Македонија нарекувајќи ја држава која шири анти-бугарство. Од Пирин Ултрас дури бараат и вето, санкции и игнорирање.

  • „За нас е недозволиво да играме пријателски натпревар со ФК Скопје поради последните случувања во РСМ. Ширењето на омраза кон Бугарија, бугарштината и бугарскиот народ треба да има свои последици. Нашите браќа на Западот од нас треба да разберат дека Бугарија и Бугарите не се нивни непријатели. Како и да е, однесувањето на одредени граѓани мора да биде санкционирано. Затоа, ние фановите на Пирин застануваме зад Бугарите во РСМ во знак на солидарност и поради репресијата на кои се подложни, бараме откажување на контролниот меч. Вето, санкции и целосно игнорирање, додека не се научат да не почитуваат“, велат од навивачката група.

Но, ова не е единствените провокации што можат да се видат и слушнат од Пирин Ултрас. Бројни фотографии на навивачите со бугарско знаме среде Скопје може да се видат на социјалните мрежи. Последно, огорченоста кон Македонија ја искажуваат по инцидентот со секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста