Новата бугарска ѕвезда – Христијан Пендиков стана бугарски државјанин

Бугарија ја доби новата ѕвезда. Му послаа црвен тепих, вршеа пренос во живо, а бугарскиот државен врв се појави на церемонија небаре му се поклонува на народен херој – Христијан Пендиков стана државјанин на Бугарија. Потпреседателката Илијана Јотова лично му ги врачи документите на посебна церемонија во т.н. Гербова Сала  во бугарското претседателство, каде вообичаено се доделувале најпрестижните награди и одликувања, се оддржувале најважните средби и се потпишувале меѓудржавни договори.

Пендиков, кој во Македонија е осомничен за тргување на дрога и никој не знаеше за него додека не беше натепан во Охрид, ги искористи своите пет минути па се жалеше пред бугариските власти дека освен него и другите Македонски Бугари трпеле притисоци од македонските власти.

  • Сакам да им се заблагодарам на сите, на претседателот Радев, на потпретседателката Јотова и на сите во полицијата кои се грижат за мојата безбедност. Особено до доктор Милен Врабевски кој ми помага. Да потсетам дека во Македонија има се уште Бугари кои се борат за нашата кауза кои се на првите редови на борбата и тие треба да имаат поголема заштита отколку јас затоа што тие се таму а јас сум во Бугарија. Трпат притисок од тамошните власти“ – рече Пендиков.

Пендиков го доби епитетот на храбар човек кој останал верен на бугарската самосвест и идентитет од страна на бугарската потпретседателка. Церемонијата и дојде премногу дури на бугарската јавност, кој го оцени настанот како фама со која Јотова си го крева рејтингот.

  • Тој покрај сите провокации, остана храбар и верен на своето бугарско потекло. Денес секој граѓанин има право да зборува за своето потекло и за сопствената држава. Ние бараме од нашите партнери и соседи да ги признаат правата на Бугарите во сопствената држава и да ги впишат во Уставот. Сметаме дека на тој начин ќе бидат гарантирани тие права. Денес е повод за празник за тој млад човек на кој ние му посакуваме да биде добар бугарски граѓанин“ – истакна потпретседателката на Република Бугарија.

Пенидков е родум од Oхрид, и надвор од родниот град ретко кој го имаше слушанто неговото име се до тепачката, која официјлна Софија ја исполитизира до максимум. Причината за ќотекот наводно било тоа што Пендиков се прогласувал како Бугарин, а се зборуваше и дека тој имал нерасчистени сметки со напаѓачите. Која верзија е точна треба да реши охридскиот суд. Инаку, тој беше секретар и на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис iii“.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста