„Ништо повеќе не можеме да ви кажеме“: МНР крие кој е во експерстскиот тим за преговорите со Бугарија

Не е точно, ништо повеќе не можеме да ви кажеме. Ова е одговорот на две прашања кои Алфа телевизија ги постави до Министерството за надворешни работи. А тие гласеа: Кои се членови на експертскиот тим за преговорите со Бугарија? И дали членови се Димитар Ковачевски, Бујар Османи, Бојан Маричиќ, Методија Белевски и Драган Алчинов?

Се поставува прашањето зошто Министерството за надворешни работи ги крие луѓето од тимот кој и тие и самиот премиер ги нарекоа експертски.

-Како што ви кажував и до сега процесот со Бугарија се води со министерството за надворешни работи (А вие сте им шеф) Министерството за надворешни работи со совите експерстки тимови разговара со Министерството за надворешни работи во Бугарија, кажа Ковачевски.

Меѓу имињата кои се објавија во јавноста, е и еден човек кој во јавноста стана познат како твитерџијата, односно со пишување твитови за поддршка на СДСМ. Тоа е Драган Алчинов, кој покрај твитер активностите се има појавувано и на партиски прес конференции.

-Почитувани сограѓани повод за денешниот прес е седницата на Советот на Општина Гевгелија која се одржа вчера.

Но интересно за јавноста е и уште едно име, Методија Белевски. За него Алфа уште пред осум месеци објави дека е човекот кој вршел притисок врз работата на историската комисија и поради кој од неа се повлече историчарот Ванчо Ѓоргиев. Од МНР тогаш не ја демантираа оваа информација на Алфа телевизија.

-Министерството на ниту еден начин досега не бил дел од научната работа на Комисијата, уште помалку во создавањето содржина во рамките на работата на Комисијата…Загрижува фактот што очигледно работата на Комисијата стана предмет за дневно полички натпревар во изборен контекст, што ги загрозува кревките суштинските придобивки од нивната работа, порачаа од МНР.

Во моменти кога Бугарија се фали и слави што нивните услови сега станале услови и на Европската унија за напредок на Македонија, загрижува фактот што нашите власти ги кријат оние кои ги водат клучните за државава преговори.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста