Несфатлива радост: Власта слави победа во катастрофалниот пораз на Македонија

Тоа што власта го прогласи како голема победа е всушност катастрофален пораз за Македонија. Помошта од Америка во борбата против корупцијата е шлаканица за земјава и нејзините институции. Политичарите не смеат како успех да го презентираат тимот кој доаѓа од САД, да ги дисциплинира нашите функционери. Првиот човек на институтот за демократија „Социетас цивилис“ Марко Трошановски, за Алфа вели дека наместо уста полна фалби, за ваквата ситуација треба да има оставки.

-Далеку од победа, особено Министерството за надворешни работи, оваа област не е во негова надлежност. Во таа смисла не само тоа министерство туку и останатите пред се треба да бидат самокритични и мислам дека треба да покажат лична одговорност преку оставки пред се, а не да се доживее или претставува истото како некоја победа, дека еве се засилува борбата против корупцијата, изјави Трошановски.

Според Трошановски и повеќе од лошо и проблематично е што воопшто фунцкионерите во државава дозволиле ситуацијата да биде доведена до овој стадиум па да мораме да добиваме помош од надвор за борба со овој за жал за Македонија и повеќе од голем проблем.

-Самото тоа што институциите до сега дозволиле нивото на корупција да отиде до таа мера што треба да бараме помош или да интервенира надворешен фактор во справување со истото, покажува дека нашата држава и луѓето кои што ги водат тие институции не се способни да одговорат на својата задача, изјави Трошановски.

Инаку, македонските власти во преден план министерот за надворешни работи Бујар Османи, доаѓањето на американскиот тим се обидуваат да го презентираат како голема победа. Корупцијата како еден од најголемите проблеми на државава се нотира секаде. Па покрај помошта која ќе дојде од Америка, од тамошниот Стејт Департмент редовно добиваме негативни оцени на ова поле. Овој проблем е редовен декор и во сите извештаи кои државафва ги добива од Европската Комисија и претставува една од најголемите пречки на Македонија на патот кон ЕУ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста