Нема да се офајди само внукот на Абдулаким Адеми за декемврискиот совет на ОБСЕ, туку „Солена“ сума на пари одат кај омилената ПИ-АР агенција на власта „Рејтинг“

Поставување на знамиња и опрема, мајстори кои иако е сабота се во и околу ВИП Арената Борис Трајковски… Работна атмосфера за подготовка за декемврискиот министерски совет на ОБСЕ што таму ќе се одржи, а за што се искеширани 1,8 милиони евра народни пари. И покрај скандалозните информации дека овие пари легнуваат на сметката на фирма во сопственост на внукот на поранешниот министер од ДУИ Абдулаким Адеми, Елмедин, очигледно е дека Адеми не го засега, а исто така ниту некој од владата. Нема реакција ни од СДСМ ниту од Ковачевски.   

Во меѓувреме, се појави и договор што го склучило Министерството за надворешни работи со пиар агенцијата, омилена на власта, „Рејтинг“. Таа добива 100 илјади евра  за да ја организира и  ја промовира конференцијата.  Нејасно е зошто кога во и во Министерството има служба за односи со јавност, но и Владата има вработени и ангажирани лица за пиар, фотографи и сниматели.

Улогата на Македнија како претседавач на министерскиот совет на ОБСЕ за 2023 ќе ја чини државата фрапантни 5 милиони евра пари на народот. За овие пари одлука донела Владата на седница. Претходно, како што информираше министерот на Османи на почетокот на годинава, од Министерството за надворешни биле побарани и повеќе, дури 8 милиони евра.

Од доделените 5 милиони, речиси 2 милиони одат за маси, столчиња, опрема и ентериер кои се потребни за еднодневната конференција. Никој не открива што ќе се случи со оваа опрема откако нема да биде потребна. 

Се уште не е познати за што се потребни останатите 3 милиони евра. Од најавите на министерот Бујар Османи познато е дека Министерството за надворешни работи треба да обезбеди и 70 возила за превоз на учесниците на конференцијата во државава. Сепак станува збор за организирање на возила, а не на авиони, ако судиме според сумата што ја извлекло министерството.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста