На Македонија и се потребни избори, експертите ги коментираат анкетите

Сите индикатори во Македонија покажуваат дека е време за предвремени избори и дека народот сака промена на власта. Експертите во земјава кои се занимаваат со истражување на јавно мислење се согласуваат со анкетата на ИПСИС и предноста на опозициската ВМРО ДПМНЕ од 25% пред коалицијата СДСМ – ДУИ. За аналитичарот Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка јасно е големото водство на опозицијата. Според него нелогично е зошто на заеднички листа се БЕСА, Алтернатива и фракционирите од партијата на Ахмети, како и СДСМ – ДУИ, но без разлика на коалицирањето на партите сепак резултатите ќе биле исти.

„ВМРО ДПМНЕ е со големо водство, тоа е неспорно, нелогично ми е зашто се на заеднички листи СДСМ ДУИ како и Беса, Алтернатива и Огнените“  Александар Кржаловски, истражувач од Македонскиот центар за меѓународна соработка

Според најновата анкета за партијата раководена од Мицкоски би гласале 21,7 проценти, а за евентуалната коалиција на партиите на Ковачевски и Ахмети 16,7 отсто. На трето место е движењето на градоначалникот на Куманово.

Високи 50% од испитаниците сметаат дека државата оди вои погрешна насока, наспроти 9 % кои сметаат дека оди во правилна.

Истражувањето на граѓанското мислење покажува и дека 65 % од испитаниците сметаат дека идната година и парламентарните и претседателските избори треба да бидат на ист трошок, односно да се оддржат заедно, а само 15% сметаат дека треба да се оддржат одделно.

Анкетата беше спроведена во март, на 1.114 испитаници пропорционално по старосен, етнички и полов состав на населението во Македонија.

И пред еден месец, ВМРО ДМПНЕ имаше двојно поголем рејтинг од владејачката СДСМ. На прашање за која партија ќе гласате доколку се одржат избори 21,8% од испитаниците одговориле за опозициската ВМРО, а 12,4 % за СДСМ. Од политичарите Мицкоски ужива нјлема доверба од 11%,Ковачевски од 8%, а зад него е Али Ахмети со 5,1%

Ова истражување беше спроведено на 1.200 испитаници и го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста