Настинките и вирозите земаат замав, речиси секој кашла и кива

Намалувањето на температурите е една од главните причини за зголемениот број на настинки како кај децата, така и кај возрасните. Риновирусите како и вирусот на грип исто така придонесува за ширење на настинките велат докторите. Меѓутоа лекот не е во антибиотиците, што најчесто бараат граѓаните туку во топлите напитоци и заштитата од загадениот воздух кој во овој период е доста над дозволените граници.

  • Факт е дека постојат повеќе фактори кои водат до  почеста појава на  настинка И грип во зимскиот период Еден од нив се ниските температури кои делуваат на базалниот метаболизам, но не се разболуваме само поради студ,  за настинки се одговорни и вирусите   меѓу кои риновируси  и вирусот на грип. И се разбира Ковид кога е зима воздухот е сув и тоа е идеална подлога за навлегување на патогените во дишните патишта“ вели Др. БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА ДИМИТРОВСКА – ХАЛКМЕД Клиника.

Добар дел од граѓаните кои го прележале Сарс-ков 2 имаат имуниот систем им е зајакнат и се отпорни на ваквите настинки.

  • Постои еден вид на „вкрстена реактивност“, ако човек бил во контакст со вирус многу сличен на САРС КОВ2, имунитетот кој го создава кон тој вирус може да биде делумна заштита и кон корона вирусот. А пост ковид состојбите би ги дискутирала како ентитет сам за себе и кој значи еден вид компликација  која настанала како резултат на самиот Ковид“ вели за Алфа, Др. БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА ДИМИТРОВСКА – ХАЛКМЕД Клиника.

Но, не само во главниот град. За се почестите настинки и зголемениот број на пациенти алармираа од Детските одделенија во другите градови во Македонија. Најголемиот дел од регистрираните пациенти биле со заболувања на горните и долните дишни патишта.

Извесно намалување на бројот на настинките и ширењето на вирусите се очекува дури по две недели односно по стартот на второто полугодие.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста