Наместо разрешница, институциите само фрлија дополнителни сомнежи околу смртта на малата Јана

Наместо да ја затворат, комисијата од Министерството за здравство со извештајот само ја зголемија дилемата за смртта на Јана. Како може дете на предшколска возраст да почине од вирусна инфекција што и го зафатила срцевиот мускул, а при тоа шест месеци откако ја прележала короната, да биде без симптоми.

Според дел од докторите, освен извештаите на државниот санитарен и здравствен испекторат и лекарската Комисија формирана од министерот за здравство сега важен е извештајот од патологија.

Внимателно го следиме случајот од сите аспекти, од медицински аспект сметам дека посебно важен е резултатoт од патологија, заедно со комплетниот извештај од стручниот надзор кој сметам дека треба да е достапен за јавноста. Ова пред се е заради корективните мерки кои треба да се преземат неодложно особено по низата отворени прашања и дилеми кои ги слушнавме во јавноста за функционирањето на битолската болница.За жал, во моментов транспарентноста недостасува. Со тоа сите прашања и дилеми во јавноста повторно наместо да се затворат, дополнително се отвораат” – вели за Алфа, д-р Игор Николов.

Петте специјалисти кои се во Комисијата за стручен надзор и засега не се познати нивните имиња за јавноста, една недела ја разгледувале целокупната медицинска документација во битолската болница  – заклучок е дека, се било согласно медицината базирана на докази.

“Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин” – се вели во Извештајот на Комисијата за стручен надзор.

Комплетниот извештај  ќе биде проследен до битолското обвинителство, кое го очекува и наодот од обдукцијата на малата Јана, по што ќе донесе одлука дали ќе покрене обвиние  за лекарска грешка. Родителите се сомневаат во лекарска грешка, затоа што сосотјбата на девојчето драматично се влошила по примена инфузија по што шеќерот во крвта од 9 се покчил на 19 единици, таа западна во кома и почина по 4 часовен престој во болницата.

Инаку, битолчани кои бараат правда за Јана, утре повторно најавуваат мирен протест на плоштадот Магнолија во Битола.

А.Л

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста