Музичкото училиште во Струга цели две години работи на црно, а наставниците се без плата

Речиси 2 години основното музичко училиште во Струга работи на црно,14 наставници не зеле плата бидејќи немале засновано работен однос и без задолжително социјално осигурување.

Иако училиштето како што велат од државниот трудов инспекторат доби наредба заклучно до средината на месец февруари да бидат сите вработени, на 27-ми февруари, решение за вработување добиле 6-мина. Пред два дена е отворен оглас за вработување на уште 4-ца-велат од државниот трудов испекторат. Што значи останатите наставници кои откако е отворено училиштето не зеле ниту една плата и понатаму ќе работат без скрешен денар.

„Да, таму буквално наставниците и родителите се жртва на злоупотреба да службената положба и овластување од страна на надлежните во услови на предизборна кампања за локалните избори кога свечено од страна на министерот, од страна на актуелниот градоначалник беше отворено тоа музичко училиште во кои не беа обезбедени согласности за вработените”,вели Ален Деребан-претседател на О.К. на ВМРО ДПМНЕ Струга

Од министерството за образование велат декамузичкото училиште ќе продолжи да работи непречено. Уверуваат дека обезбедиле пари за ангажирање на наставен кадар по предметите по кои недостасуваше, но и за регулирање на работниот однос на наставниците кои на добра волја во изминатиот период го одржуваа училиштето во функција.

„Тоа е класично омаловажување од страна на министерот и несериозност. Силата е од нефункционирање на правосудниот систем, нефункционирање на судство ,обвинителство, нефункционирање на државните органи, институции, надлежни инспекторати, неказнивост.Никој не сноси одговорност за ваквото самоволие”, вели Ален Деребан-претседател на О.К. на ВМРО ДПМНЕ Струга

Прашан зошто се молчело и како се дозволи училиштето да работи без да се обезбедат пари и согласности од надлежните институции, директорот на училиштето Алтин Зиба вели дека имал доволно наставен кадар за 250 ученици, од адмистрација имал секретарка и хаус-мајстор, а враборувањето на  психолог и педагог ќе чека подобри времиња.

Инаку наводно поради доцнење на административните процедури во Централниот регистар, отворањето на основоното музичко училиште, наместо на први септември, почна на 22-ри 2021-ва година во присуство на актулениот Мерко кој тогаш се бореше за четвртиот градоначалнички мандат и Јетон Шакири кој тогаш беше министер за информатичко општество.

Росица Голабоска             

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста