Молк од Таравари за скандалот со неговиот имот- експертите критикуваат за законски аномалии

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и натаму молчи во врска со скандалот со куќата за која во неговиот анкетен лист пријавил дека е купена по багателна цена. Јавноста со денови алармира дека имотот што го пријавил таравари како сопственост во елитниот дел на скопски Карпош е со многу пониска вредност од реалната, односно дека Таравари метар квадратен за луксузна куќа го платил само за 576 евра…Лидерот на Алијанса за Албанците молчи на прозивките. Алфа повеќепати се обиде да стапи во контакт со него, но тој не одговори на нашите повици.

Случајот со Таравари , и претходно со лидерот на ДУИ Али Ахмети за неговиот луксузен имот за кој неговиот внук Фатмир Лимани тврди дека го поседува, а не е пријавен во негиовиот анкетен лист го отвори прашањето дали функционерите ја пријавуваат реалната состојба на имот во анкетните листови ?  Поранешниот директор на државната комисија за спречување корупција, Воислав Зафироски укажува дека проблемот е системски. Реагира дека е итно потребен механизам кој ќе контролира дали функционерите ја пријавуваат нивната вистинска имотна состојба оти вака поставена процедурата не носи ефикасност. Антикорупциска нема надлежност да постапува дополнително ако судските инстанци потврдат дека има нереална состојба наведена во анкетниот лист, како што е сомнежот во случајот со таравари и Ахмети. Казната доколку се утврди такво нешто е само 500 евра што не значи ништо за функционерите ако не го пријавуваат нивниот вистински имот

Потребен е  нов повеќеслоен механизам преку кој ќе се констатира дали во анкетниот лист се пријавени вистинските реални состојба на носителот на јавна функција. Сето тоа би имало смисла ако се утврди дека не се пријавени реалните состојби на тоа лице да му се изречи забрана за јавна функција,   посочи Зафироски во телефонски разговор за АЛФА.

Инаку,  куќата на Таравари е наведена во неговиот акнетен лист како недвижен имот кој ја стекнал со Договор за купопродажба со вкупна вредност од 150 475 евра, најверојатно откако станал Градоначалник  на Гостивар , бидејќи овој имот го нема во анкетниот лист кога бил Министер за здравство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста