МНР ќе потроши 10 милиони денари за годишната конференција на ОБСЕ

Безмалку 10 милиони денари народни пари ќе потроши МНР за да ја стокми салата Борис Трајковски за завршната конференцијата на Министерскиот совет во рамки на ротирачкото претседавање на ОБСЕ. Министерството на Османи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на Спортскиот Центар каде ќе се одржува состанокот на организација за безбедност и соработка кој по дифолт и припадна годинава на Македонија, во време на огромна инфлација и покачување на речиси се , реши 150 000 евра да даде за да ја дотера салата за во декември.

Член 8

Договорот се склучува за вредност до 7.933.500 денари без ДДВ, односно 9.361.530 денари со ДДВ.

Владата попмезно најавуваше дека кај нас ќе се одржувал состанокот како да е тоа битка извојувана од нашата надворешна политика, а не да е дојден редот на Македонија, како членка на организацијата.

Но не се само овие пари кои МНР сакаше да ги потроши за да рекламира и да си препише заслуги дека ротирачкото претседателство е кај нас годинава. За реклами и ангажирање на пи-ар Омсани си ја ангажираше агенцијата Рејтинг на Никола Спасов за 100 000 евра да помагала за изведба на целокупното одржување и презенитање на претседателството. Сепак откако јавноста се крена на нозе, МНР реши да ја прекине медиумската кампања.

Владата не штеди пари за рекалмирање, но ниту пак за усгостување на самите себе и нивните гости. За да се појавува Ковачевски често на социјалните мрежи, да собира лајкови, неговата матична партија исплатила неверојатни речиси 30 000 евра.

Се расфрлаат и народни пари кога се слави годишнина од Рамковен договор, половина милион евра, кога се правеа НАТО журките по Македонија, за средување на бината и таблата за Коридор 8.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста