Младите масовно ја напуштаат државата, селата од истокот се празни

Младите луѓе масовно ја напуштаат државата. Се пустошат градовите и селата,а нивите остануваат непосеани. Последиците од масовното заминување допрва ќе ги  чувствуваме, вели земјоделецот Коле Симеонов од радовишко Ињево на кој и тројцата синови му заминале во странство. Поради тоа што е сам и нема аргати не може да ја обработува целата земја што ја има.  Од вкупно 60декари, посеал само 14. Останатите ниви му се обраснати со трева.  

    „Пред 15години кога децата ни беа дома овде немаше прелом меѓу нивитеОваа година ако имало 200тутунари, догодина ќе има 130. Само оваа зима десет семејства од селото ќе заминат во странство, а до пролет да не правиме муабет. Нема живот во нашата Македонија„ објаснува  Коле Симеонов од с.Ињево

Ако порано младите  се иселуваа во градовите, за да работат во фабриките, сега за да обезбедат подобар живот, бегат надвор од државата. Дополнително, демотивирачки за населението во руралните средини е лошата состојба во земјоделието-немањето пласман, скапите репроматрејали, ниските откупни цени.

Перспектива слабо! Секој гледа да избега во странство…секој е револтиран и затоа сакат да бегат. Не можат домашните трошоци да си ги покријат„вели Аце Новоселски

  „Ланската есен 890денари беше ѓубретоза есенска сеидба, а сега е 1460 денари малата вреќичка од 25кг„вели Коле Симеонов

И пописните резултати потврдија дека младите масовно си заминуваат од државата. На пописот во 2002-та, лицата на возраст од 15 до 29години сочинувале 23,8 одсто од вкупното население, а во 2021 се 5 одсто помалку.  Состојбата е најалармантна  во југозападниот и источниот регион.  Анализите покажуваат дека во изминатите две деценции дури во 250 села во државата засекогаш згаснал животот.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста