Екологисти: Се додека власта спие, никогаш нема да дишеме чист воздух, мора да има сериозни мерки за спас од загаденоста

Власта само од височина го гледа проблемот со загадувањето, наместо да ги засука ракавите и серионо да поработи на решавање на овој долгогодишен проблем на метрополата, но и на цел држава. Еко активистите по кој знае кој пат алармираат дека состојбата не чини, и дека државата мора сега и веднаш да изнајде начин како да се ублажи алармантната состојба која го труе народот. Скопје ќе дише чист воздух само ако има длабински мерки, велат екологистите, кои крајно се разочарани од глувиот однос од власта која до сега не мрднала ни со прст во преземање на реално решение.

  • Дефинитивно начините мора да бидат порадикални, а власта нее спремна за тоа. Се прават мали чепнувања врз начинот на греењето, каде посиромашните граѓани се топлат на се што ќе најдат, ништо не се прави ниту врз начинот на контрола врз индустрија, а секако тука е и сообраќајот, возилата, но и граджништвотот, вели за Алфа еко активистката за чист воздух, Татјана Стојановска.

И додека екологистите алармираат дека ништо не се прави за колку толку да се ублажи состојбата, мерки нема ни за лек. Апелите дека власта мора нешто да работи направи да не бидат само кога е загадено, туку во континуитет, зашто само така работите ќе мрднат од мртва точка.

  • Морам да кажам дека нас ни се одразува аерозагадувањето врз здравјето, приморани сме да направиме промени, тоа Европа го има увидено од порано, а ние тука доцниме со се, каскаме со тоа. Мора Владата да има помоголем слух за тоа, ништо повеќе, додава меѓу другото Стојановска за Алфа.

Покрај греењето на дрва и други отпадни материјали, сообраќајот и индустриските капацитети, и градежната експанзија си го направи своето, додаваат екологистите. Сонцето и убавото време беа повод за Владата да ги укине и мерките и препораките за заштита од загадувањето кои освен во Скопје, важеа и во Битола и Струмица. Скопје денеска се најде на 19-тото место на листата на IQAir, на најзагадени градови во светот.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста