Воз удри во комбе во Велес – 12 повредени

12 полесно повредени патници – ова е епилогот од  железничка несреќа кај Велес. Една минута по пладне кај фабриката „Порцеланка“шинско возило на Македонски Железници удри во комбе „Мерцедес“, сопственост на такси компанија од Чашка. Повредените биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош.

  • Биле донесени 12 пациенти, од кои најмладиот пациент има три години,

Само двајца пациенти биле пратени на домашно лекување, останатите ќе останат под болнички надзор.

  • „Сите се задржани на болничко лекување, освен двајца кои биле испратени дома“ рече Др. Елена Ќулумова – Специјалист интернист во ЈЗУ Велес.

Комбето било управувано од 52 годишник вработен во такси-компанијата од Чашка. Машиновозачот пак вели дека откако го здогледал почнал да свири но не успеал да закочи пред да удри во него.

  • „Веднаш кога го видов дека е на преминот почнав да кочам. Тој не ни погледа кон мене. Возеше полека, оти преминот е издигнат. Бев скоро и сопрен, и го удрив со предниот дел. Кочев околу 200 метри, а на моторот за да сопре му се потребни 400 метри“, кажа машиновозачот Зоран Митровски.

Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, вели дека патниците, од Велес си оделе кон своите домови во селата Мелница и Чашка кога се случила несреќата.

Се работи за премин кој е одбележан но нема светлечка сигнализација па поради ова сообраќајните несреќи не се ретки.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста