Младите купуваат билети во еден правец не само заради ниските плати, туку политичката корупција и изумирањето на помалите градови

Младите купуваат билети во еден правец не само заради ниските плати, туку политичката корупција и изумирањето на помалите градови

Иселувањето на младите мозоци во странство не се должи само на ниските примања,разликата во платите е само еден фактор-високо образованите луѓе бегаат од Македонија во прв ред поради коруптивното однесување,односно поради политичката корупција, цени академик Таки Фити.Без оглед на високата плата која ја земаат надвор од границите на Македонија,животот во западните земји е скап, а режиските трошоци високи,но младите притиснати,од немајкаде ја напуштаат државава.

  • “Не може да се вработи ако нема партиска книшка,не може да напредува во скалилата на хиерархијата во јавната администрација, ако не е близок до една или друга партија.Односно, место да гради кариера врз база на заслуга, тој ќе мора да гради кариера врз база на партиски, политички критериуми и тоа младите луѓе не можат да го поднесат”-вели академик Таки Фити

Посебно очајна е ситуацијата во градовите од внатрешноста на земјава.Општините како Охрид кои имаат потенцијал да се развиваат,замираат поради тоа што нема кој да работи.Причината лежи во нашата заедничка,колективна неспособност да ги изменаџираме добро работите-вели охриѓанката Катерина Василеска,која иако е високо образована, работи се и сешто.Ова вели е македонска реалност што ја делам со многу луѓе во земјава.

  • “Платите се ниски,условите не се најдобри би рекла во некои компании можеби не се ни хумани условите, луѓето веќе можат да патуваат.Македонија веќе не е затворена земја како што беше порано,отворени се границите и секој нормален би го одбрал она што е подобро за него” –вели охриѓанката Катерина Василеска.

Голем број работоспособните лица немаат можност да се вработат.Од друга страна,градовите имаат можност да ја развиваат индустријата како гранка која што е многу значајна за македонската економија,но нема мобилност на работната сила.

  • “Како што знаеме, мобилноста на работната сила, каде што луѓе во Македонија заради работа би се преселиле во друг град е на многу ниско ниво и ние сме една од ретките држави каде што најголем број од индустријата е концентрирана во главниот град”–вели претседателот на Асоцијацијата на странски компании,Виктор Мизо.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика,во второто тримесечје од годинава, стапката на невработеност изнесува 13 %.Најмногу невработени има на возраст од 15 до 29 години.Стапката на невработеност кај оваа возрасна структура изнесува 23% кај мажите и 27% кај жените.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )