Мицкоски од Ваташа: Бугарскиот фашистички окупатор овде стрелаше 12 младинци, слава им и никогаш да не ги заборавиме

В Тиквешко негде, в некое село,кај в слана тивко венеше цвете,- убија дете“.

Ваташа да не се повтори, да не се заборави – 12 бисти и спомен соба во чест на убиените младинци, 16-ти јуни 1943-тата година. Општина Кавадарци на 80-годишнината им подигна споменици на 12-те млади Македонци на возраст од 15 до 27 години, кои беа стрелани од  бугарскиот фашистички окупатор во близина на Моклиште кај месноста Чаир со цел да се спречи народно-ослободителното движење во Македонија.

Никогаш да не заборавиме дека на ѕверски начин овие 12 младинци се убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна и тоа е чин кој што треба сите да не обедини, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

  • Јас сум свесен дека денеска голем дел од луѓето кои што се активни на политичката сцена во лов на сопствена политичка кариера и ден повеќе да бидат активни во политиката подготвени се дури и ваквите моменти да ги заборават, да ги избрусат, како што тоа го правеа многу пати во минатото со брусење на некои други хералдички знаци кои што се дел од македонското минато. Но меморијата на овие луѓе никој не може да ја избруси, таа е вечна и таа се пренесува од колено на колено, од баба на внук, од генерација на генерација. Фактот е еден, а тоа е дека бугарскиот фашистички окупатор стрелаше овде во Ваташа 12 младинци“ рече Мицкоски.

Мицкоски го советуваше министерот Османи да ја повика својата бугарска колешка Марија Габриел,  да дојде во Ваташа, да клекне и да се извини за злосторствата на бугарскиот фашистички окупатор.

Јас би му советувал на господинот Османи којшто веќе 6 години е дел од оваа влада, а за кратко нема да биде повеќе, да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи да земе еден пример од еден министр за надворешни на една европска земја и да дојде овдека на овој споменик во Ваташа, да клекне, да се извини и да побара прочка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна. Тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за било какво простување, за било каква прошка, потенцираше Мицкоски.

Сега, во чест на 12-те убиени општина Кавадарци постави 12 бисти и спомен соба за да не се заборави масакрот.

  • Спомен собата има повеќе намени, или има, преставени се делови од животот на децата, во делот на нивното стрелање, во делот на градење на споменик од 1961 година и содржи нивни лични документи од самиот живот меѓутоа и посмртно од самите деца. Денес гордост е дел да си од Ваташа, гордост е да си дел од Кавадарци зошто овие деца го дале животот за слобода на Република Македонијa..“, рече Митко Јанчев.  

Пред 80-години, бугарскиот фашистички окупатор ги уби Перо Видев Ванчо Гурев, Данко Давков, Илија Димов, Ристо Ѓондев, Блаже Ицев, Пане Мешков, Герасим Матаков, Ферчо Попѓорѓиев, Васо Хаџиjорданов, Диме Чекоров  и Пане Џунов.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста