Мицкоски: Македонија е на работ на уставно-политичка криза, на неколку месеци пред изборите ништо не е подготвено

Мицкоски: Македонија е на работ на уставно-политичка криза, на неколку месеци пред изборите ништо не е подготвено

Државата е на работ на уставно-политичка криза бидејќи ништо не е подготвено, а за неколку месеци ќе имаме парламентарни и претседателски избори. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ја повика власта да престане да бега и веднаш да ги формира работните групи. Според Мицкоски би било глупаво да се трошат ресурсите на граѓаните кога законските рокови дозволуваат парламентарните избори да бидат на 8 мај, кога би бил и вториот круг на претседателските.

Ние ќе имаме два клучни процеси. Би било глупаво да трошиме ресурси на граѓаните, и да организираме одвоени избори. Би било расипнички, ако било кој од нас, поддржи таков тип на идеја. Апелирам на разум кај Владата. Еве бегаа од предвремени, еве нема. Еве 8 мај – редовни парламентарни и претседателски. Имало во среда избори, тоа не е проблем. Не е нешто што до сега не било. Еве им датум, каде вториот круг на претседателските, ќе биде со парламентарните, и да се фати рокот на 12 да биде инаугуриран новиот претседател. Но ние мора да седнеме да разговараме. Да се договориме. ДИК не е целосна, ништо не е подготвено. Веќе и законските рокови и Уставот не притиска. Ние веќе влегуваме во уставно политичка криза. Час поскоро да се охрабрат. Бегаат од се. Нека формираат работна група бидејќи времето не гази – рече Мицкоски.

Премиерот Ковачевски и денеска не конкретизира, ниту за датум на избори ниту кога ќе ги формира работните групи. Иако претседателот на Собранието рече дека ќе свика состанок веднаш откако политичките партии ќе се договорат за таква работна група – претседателот на Владата тактизира. Во врска со  барањето на опозицијата за двојни избори, тој се повикува на законските рокови.

Конкретните датуми зависат од законските решенија, во колку дена пред истекот на мандатот се органзиираат. И конкретниот датум зависи од тоа што ќе биде договорено и изгласано во Собранието. Ова се прашања од техничка природа – вели Ковачевски.

Заеднички и претседателски и парламентарни избори бара и македонската и албанската опозиција, пред се поради милионите евра кои би биле потрешени непотребно за два изборни во само два или три месеци. Mинатата недела Ковачевкси порача дека не прифаќа да седне на маса со Мицкоски за да се договори заедничко одржување на претседателските и парламентарни избори. Кажа дека едните ќе се одржеле во мај, другите во јули. На маса е спремен да седне само ако се говорело за уставните измени.

Адријана Алексиеска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста