Меџити им ја расипа математиката на СДСМ и ДУИ – Дали Ковачевски и Ахмети повторно ќе добијат влада со „тенко“ мнозинство?

Ротации, прераспределба на министри и функции, на ти го, дај ми го со ресори, весела математика – Владата на Ковачевски и со влезот на Таравари останува на стаклени нозе. Иако многу скапо ги плати 8-те пратеници на Алијасната, тој по се изгледа ќе остане со тенко мнозинство со едвај над 60-тина пратеника. Додека Гаши се мисли дали со своите 4-ца пратеници да остане во владата, нов удар доаѓа од фракционерите на ДУИ кои рекоа дека нема да ја гласаат за новата влада која ја нарекоа сојуз за спас на Груби.  

Ова парламентарно мнозинство што се формира, а на кое му е дадено името ‘Сојуз за Европа“,  всушност претставува, а и може да се нарече ‘сојуз за спас на  Артан Груби. Не, нема да ја гласам за него. Ќе бидам против таа Влада. И ќе ги кажам моите ставови и ќе чекам да ги видам програмите на кандидатите за министри“, рече Меџити.

Фракцијата на Меџити во моментов ја подржуваат само двајца пратеници, но се надеваат дека поддршка ќе добијат од уште четворица. Доколку се оствари оваа закана, тогаш без пратениците на Алтернатива и овие од ДУИ, Ковачевски ќе има поддршка од едвај 61 пратеник, што е на самата граница и е за двајца помалку од сега. Практично премиерот доби 8 гласа, а би загубил 12. Дека Меџити располага со повеќе од двајца пратеника, вели и внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани кој дури соопшти и имиња.

Состојбата со владеачкото мнозинство е кревко и тоа е затоа што власта ги нема потребните бројки на пратеници. Нема двајца… Кастриот Реџепи, Зејди, Коџаџику, Изети. Има уште двајца пратеници кои не излегуваат, не се појавуваат. Ги знаеме, но нема да бидат дел од разговорот вечерва и не е коректно да ги спомнуваме, изјави Лимани во синоќешната емисија на „Клан Македонија“.

Ваквото тенко мнозинство од само 61 пратеник е проблематично и тоа нема да го одблокира Собранието. Во исто време, засега Ковачевски не е на чисто ниту со неговите коалициони партнери од помалите партии кои засега барем официјално за договорот меѓу премиерот и Таравари не се изјаснија дали ќе го притиснат копчето ЗА.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста