Си се советува со претходниците: Колку често Ковачевски комуницира со Заев, Црвенковски, Шекеринска и Бучковски?!

Со некого почесто, со некого поретко. За своите чекори премиерот Димитар Ковачевски, се консултира и советува со своите претходници од СДСМ, кои од граѓаните беа жестоко казнети за своите погрешни политики. Редовно комуницирал со Зоран заев, но темите не биле само политички, тие се знаеле многу пред да влезат во политиката.

-Со Зоран Заев јас сум колега од факултет. Со него се имаме мислам дека пред една недела сме имале разговор, меѓутоа тој разговор беше во однос на случувања, скринингот како е што е, тој се интересираше, изјави Ковачевски.

Редовно комуникации имал и со Радмила Шекеринска, а се слушал и Владо Бучковски. Ги откри и причините.

-Во однос на бившиот претседател Бучковски, со него имав средба пред две недели, на која што разговаравме за одредени правни аспекти, бидејќи се работи за професор врвен по право, а со госпоѓата Шекеринска имам на неделно ниво комуникација, бидејќи таа е потпретседател на Партијата на европски социјалисти, каде што членува и СДСМ, изјави Ковачевски.

Годините биле проблем за комуникацијата со Бранко Црвенковски, па со него поретко се гледал или телефонирал.

-Со првиот претседател со оглед и на разликата во годините, со оглед на зафатеноста во текот на денот имаме помалку комуникација, меѓутоа сепак елементарна кога е потребно бидејќи има големо искуство, тогаш јас ги слушам сите, изјави Ковачевски.

Премиерот откри дека се советувал со нив, но не откри за што точно, дали можеби и за политиките во однос на спорот со Бугарија, за кои граѓаните во најголем број сметаат дека се капитулантски и катастрофални во однос на македонските национални интереси.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста