Меѓународната заедница бара работа, а не празни фалби за борбата против корупцијата

Убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата, треба да запрат празните ветувања и да има одговорност за неисполнетите стратегии. Меѓународната заедница продолжува да критикува и да повикува на борба против корупцијата и политизирано судство. Јасни критики и денеска одСАД. Стратешкиот партнер на Македонија будно следи колку од преземените обврски навистина се остваруваат. Власта уверува дека Соединетите американски држави ни помогаат во борбата со корупцијата, но заменик шефот на мисијата на САД, Ерик Мејер, отворено ни побара отчет за неисполнетите ветувања и потрошените пари во правосудниот систем.

  • Како што реков, САД слуша и особено очекуваме резултати со 10-те милиони долари кои што ги вложивме во судството во Македонија до ден денеска, од блиску го следиме она на што се обврзавте и дали ги исполнивте обврските. Она што беше што ани беше усвоено треба да не доближи поблиску до пристапот во ЕУ и особено за вашите граѓани и општата безбедност во светот“, рече Мејер.

Пораката од Мајер го дополни евроамбасадорот Гир кој вели треба ургентна потреба за пресметка со корупцијата, но за има резултати не се доволни добрите намери што ги искажуваат  институциите, туку да се направи многу повеќе.

  • Убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата, додека граѓаните очекуваат резултати, рече Гир нагласувајќи дека денешната конференција ја става корупцијата во поширок регионален контекст и кажува дека е заеднички предизвик што најдобро може да се решава преку соработка и размена на добри практики“.

Власта сега уверува дека транспарентноста на институциите ќе им биде ќе им биде приоритет бидејќи така ќе ја заајкнеле отчетноста и контролата.

  • Транспарентноста на институциите мора да биде приоритет за сите нас. Само преку унапредување на транспарентноста, ќе ја зајакнеме отчетноста и контролата. Јас немам илузии дека корупцијата целосно ќе ја победиме, но мора да покажеме видливи и конкретни резултати, да создадеме услови за владеење на правото и еднаквост на институциите“, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Освен американската амбасада која ни донесе дури и тим за санкции кои под лупа ги стави македонските функционери, пораки дека „пари под рака“ е широко распространето низ Македонија ни искара и германската амбасадорка.

Освен од надвор и Антикорупционерите потсетија за бројни криминали за кои се чека реакција од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста