МВР: Приведен осомничен во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“

Полицијата уапси уште едно лице, за кое неофицијално се говори дека е поврзано со двојното убиството во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија од 6-ти март годинава кога беа убиени Јетон Кривањева и Енес Исени, а уште едно лице беше рането.

  • Денеска (08.08.2023) во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги извршија претрес на дом и го приведоа Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ во Скопје на 06.03.2023.Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање” по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на ден 06.03.2023. ГМ. е предаден на ОЈО за натамошна постапка, стои во соопштението од МВР.

Од МВР соопштија и на 1-ви јуни дека едно лице имаат уапесено за кривично дело убиство, но не откриваја детали за апсењето, ниту за кој случај станува збор или која била улогата на осомничениот. На уапсениот му е одреден краткотраен притвор од 48 часа.

Како што познато, во март неколку вооружени луѓе влегоа во барот во скопската стара чаршија и со рафални истрели ги усмртија Кривањева и Исени, по што се дале во бегство. Автомобилот со кој пристигнале потоа беше најдена изгорена на друга локација.

Со оглед на фактот што убиените им беа познати на полицијата и начинот на кој беше извршено убиството јасно е дека станува збор за пресметка за позиционирање на наркопазарот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста