МВР имала проблеми: Дојавите за бомби доаѓале од странски ај-пи адреси, па на полицијата и било тешко да ги расветли случаите

Полицијата имала проблеми, дојавите за бомби во средните и основни училишта, доаѓале од странски Ај-Пи адреси, па поради тоа не можеле лесно да откријат кој е виновен, се пожали министерот за внатрешни работи. Поради тие проблеми, полициските службеници не можеле лесно да ги добијат податоците, морале да комуницираат со странските полициски служби, а тие пак не давале лесно информации, вели Оливер Спасовски.

-Најчесто доаѓаат преку заштитени адреси од странство и од кој не се доаѓа лесно до факти, до податоци до информации. И притоа ако не ги обезбедите конкретните податоци и информации, нема да може да постапува ниту Обвинителство и да го пренесе на судот тоа. Станува збор за ВПН конекции и за тоа ќе треба меѓу меѓународна правна помош да се добијат тие информации и податоци, изјави Спасовски.

Министерот вели среќна околност била што дојавите биле лажни, но и дека имале осномничени, а кои се и каде се јавноста не знае, полицијата пак не открива. Оливер Спасовски се пофали дека работеле на случајот, без да наговести кога би имало разрешница.

-Вчера после некое време пауза се појавија нови дојави за бомби поставени, за среќа сите се тие лажни и како дел од таквите сајбер напади, најчесто е тоа така. Најавувам дека ќе има реализација, има осомничени, ако нема осомничени џабе е реализацијата тогаш, изјави Спасовски.

Инаку, една од лажните дојави за бомба на мејл адресата на директорката на основното училиште Кочо Рацин од Петровец, пристигнала уште вчера, но таа ја видела дури денеска откако дошла на работа. Па и покрај дојавата за бомба, утринава учениците од ова училиште биле во своите клупи.

По, неколку дена пауза, денеска и вчера, дојдоа три нови дојави за бомби, сега само во основни училишта, а новиот момент плус е дека не само Скопје веќе цел, едно од училиштата е од Крива Паланка.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста