Малиот одзив на бугарските избори во Македонија е голем пораз на политиката на Софија

Бугарската политика кон Македонија да докаже дека има големо малцинство доживиеа комплетен пораз со тоа што и на овие избори, како и на предходните за гласање во Македонија се пријавиле едвај 100-тина луѓе. Тоа е доказ дека безмалку 98% од бугарските пасоши кај нас се македонци кои ги поседуваат само за да можат да работат во Европската Унија. Аналитичарите сметаат дека Бугарија треба да си даде одговор како после вложување толку многу пари, време и средства, само стотина луѓе се пријавија да гласаат.

  • „Тоа е тотална небулоза, бидејќи знаеме дека во изминативе две/три години откако официјална Софија го употреби инстументот вето, гледаме какава беше политикатна на Бугарија, државната, националната, за вложува, отворање на клубови, финансирање нивно, една засилена агенда на бугарите, од друга страна, сетоа тоа резултира со тотално ниска заинтересираност и излезност на македонските Бугари.“ – Смета Атанасовски.

Инаку, за гласање на парламентарните избори во Бугарија, од Македендија се пријавиле само 169 бугарски државјани кои живеат кај нас. Во Битола, каде што е сега укинатото здружение „Ванчо Михајлов“, за гласање се пријавиле само 9мина, а додека пак во Охрид, каде што е отворен контроверзниот клуб „Цар Борис Трети“ нема воопшто пријавени.

Атанасовски смета дека политиките на Бугарија доживеале пораз, а инвестираните пари за бугаризација на Македонија им пропаднале во вода.

  • „Ако тие сметаа дека на тој начин ќе претстават некое големо бугарско малциснтво кај нас или дека тоа ќе направи еден вид бугаризација на Македонија, се случи тотален контра ефект.
    Гледаме дека излезноста, пријавеноста на макеоднските граѓани со бугарски пасош да гласаат е многу мала и на последниот попис исто се покажа дека има 3500 бугари, што е апсолутно мала бројка, согласно издадените бугарски пасоши и дефинитивно мислам дека Софија доживеа еден вид на пораз на својата политика.“ – Вели тој.

Досега, ова е најмала бројка на гласачи од Македонија во споредба со претходните два изборни циклуси во Бугарија. На изборите во јули 2021 гласаа 413 луѓе, а во април 2021 гласаа 510. И во двата наврати, најмногу гласови освои партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста