Маж се разнесе со бомба, жена е тешко повредена – хорор во семеен дом во Тузла

Хорор во Тузла. Маж се разнесе со бомба, а неговата сопруга е тешко повредена. Босанските медиуми пренесуваат дека во тие моменти во домот била и нивната ќерка која не е повредена.

Како што јавува репортерот на „Аваз“ од местото на настанот, присутни се поголем број припадници на специјалната единица на полицијата, поради сомневање дека во објектот има повеќе експлозивни направи. Населбата е блокирана.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста