Ловџиите мета на власта, се заоструваат мерките за поседување на оружје и муниција

За првпат после 80 години ловџиите ќе набавуваат муниција со одобрение на Министерството за внатрешни работи, а наместо сегашните 10, на секои 5 години ќе мора одново да го регистрираат оружјето и да приложуваат нова лекарска документација. Од ловечката федерација реагираат на новите измени на Законот за оружје кои неодамна ги предложи работната група при секторот за оружје на МВР. Предупредуваат дека решението кое го готви власта го нема никаде во Европа и е спротивно на ЕУ директивите. Над 100 илјади граѓани кои поседуваат ловечко оружје практично ќе се соочат со законски услови кои би значеле не само дополнителни финансиски срества туку и можност за одземање на опремата:

Европската директива е многу полиберална, и ние бараме нејзина комплетнав имплементација, и компаративна аанализа како е решено во ЕУ,  за ние како земја аспирант, да видиме како е таму“, вели Влатко Алексиевски претседател на Ловечка Федерација на Македонија.

Претседателот на федерацијата вели дека нема да го потпише извештајот бидејќи не само што не постои усогласеност со европската пракса, туку тие се спротивни на европските директиви. Од федерацијата побарале средба со министерот Оливер Спасовски пред измените да стигнат до Собранието но попусто.

Во текот на работата беше прифатено од групата, но откако заврши процесот, од Секторот за оружје ни беше испратен финален извештај, но внатре не е ништо прифатено ниту ставено од тоа што баравме“, вели Влатко Алексиевски.

Ловџиите бараат продолжување на дозволата за оружје да биде на 10 години, да продолжат да ја набавуваат т.н. сачмена муниција само со лична карта и постапката за одобрение на дозвола за оружје да не биде подолга од 6 месеци. Тие исто така бараат да не им се одзема оружјето за прекршочни постапки и да се укине електронското полагање за правилна употреба на оружјето.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста