Кривичен суд го одби барањето за амнестија за случајот познат како „Организаторите на 27 април“

Kривичниот суд – Скопје, го одби барањето за амнестија, во случајот, познат во јавноста – „Организатори на 27-ми април“..  Барање за амнестија, според законот, донесен – во 2018-та година, поднесоа – сите четворица обвинети во случајот –  поранешниот претседател на собранието – Трајко Вељаноски, ексминистрите – Спиро Ристовски, и Миле Јанакиески, и поранешниот  директор на убк – Владимир Атанасовски.. Тие ги поднесоа барањата, на почетокот, на повторениот судски процес, во кој се обвинети – за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, откако, Апелацискиот суд – Скопје, ја укина претходната пресудата на Кривичен. По одбивањето на барањето за амнестија, денешното рочиште се одложи, бидејќи, одбраната – има можност да поднесе жалби до Апелација, која ќе треба да се произнесе. Следното рочиште, е закажано за 6-ти јули.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста