Кој му пресудува на Националниот парк „Галичица“?

Заборавен од државата Националниот парк “Галичица” се крпари финансирајќи се од наплата на влезници и меѓународни донации,пари кои не се загарантирани и постојани-пренесува МИА повикувајќи се на изјава од поранешниот директор на паркот Андон Бојаџи.Доколку тие средства се намалат или секнат националниот парк Галичица,кој статусот на заштитено подрајче го доби пред 60 може да се врати кон старите методи на финансирање,а тоа е сечата на дрва,што не е согласно меѓународните стандарди.

  • ” Галичица“:Од тие причини не сакаме тоа да го сториме, но ако сме принудени ќе треба да се вратиме на таквиот начин на обезбедување на финансиски средства. Повеќе од половина од буџетот на националниот парк се пари на германските даночни обврзници и од Фондот Преспа-Охрид Еден од начините на обезбедување средства согласно Законот за заштита на природа е и од Буџетот на државата, но во Законот е оставено повеќе како можност отколку како обврска“ вели Андон Бојаџи –Н.П.

Од друга страна, најголема закана за природните вредности на паркот е урбанизацијата.Во строго заштитеното подрајче на националното богатство и тоа низ целата територија на парк има огромен број нелегално изградени викенд куќи-за Алфа  отворено и со години укажуваат од управата на паркот. Иако голем дел од куќите никнале во зона каде што не смее ниту да се гради,ниту да се легализира-сопствениците на објектите успеале да добијат локација и сега однапред бараат легализација на објект кој на терен не постои.Природонаучниците,силно реагираат.

  • „Тоа не личи на една држава како што е Македонија која се наоѓа на европски континент да има стотици нелегални објекти изградени во многу важни зони, како што е националниот парк „Галичица“. Тоа се проблеми кои за мене се неразбирливи, се наталожиле низ годините и се надевам, кога-тогаш ќе се решат. Мораме да ги решиме тие работи “ вели Славчо Христовски-Претсед.на Македонско еколошко друштво.

” Сведоци сме дека и покрај сите овие строги прописи кои важат со планот за управување со природно и културно наследство на охридскиот регион,не се почитуваат.Има обиди да се протнат легализации на некои дивоградби кои што се наоѓаат во самото заштитено подрачје на Охридското езеро или во Националниот парк ” рече Ѓоко Зороски-Инг. за заштита на животна средина.

И додека се чека крајот на фебруари кога ќе се знае дали после 4 деции,Центарот за светско наследство ќе побара Охрид да се стави на Листата на светско наследство во опасност,министерот за животна средина Нуредини како пренесува МИА, нагласил дека прават план со цел да се најдат нови механизми за самофинасирање на националните паркови и оти се барале начин како државата да обезбеди средства,не само Галичица, туку за сите национални паркови, оти го имаат истиот проблем.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста