„Кој има пари ќе живее, кој не, ќе се мачи како мене“ – потресно сведоштво на пациентка од Онкологија

„Кој има пари ќе живее, кој не, ќе се мачи како мене“ – потресно сведоштво на пациентка од Онкологија

Кој има пари ќе живее, кој не, ќе се мачи како мене. Со свои очи гледав како пацинети им даваат торба со пари на доктори, додека јас чекав со часови за хемо-терапија – ова е дел од сведштвото на пацинетка која повеќе од една година се бори со најтешката болест и се уште се лекува на клиниката за Онкологија. Таа се сомнева и во терапиите кои ги прима, но верува и се надева дека ќе има одговорност за виновниците, кои учестувавле во преродажбата на онколошки лекови.

 Кој си има пари, ќе си плати кој си нема ќе си оди како нас натаму, наваму.Ќе си плаќаме карти за превоз…и пензијата ќе ни оди за вакви работи.Значи жена од тука, оди таму на паркингот, зима и ја чека еден маж од колата вади кеса од кеса право во комбе…и чао пријатно– вели пацинетка.

Скандалот за препродавање на скапи лекови на грбот на најтешко болните кој речисти месец и пол е во рацете на обвинителството, засега нема никаков исход. Онколошките пацинети со нетрпение чекаат да се открие вистината, и се надеваат дека овој случај нема да заврши како трагедијата со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Се надевам дека нема да заврши како што беше во претходните случаи.И дека нема да имаме жртвено јагне што ќе ја преземе цела одговрност.Ако народот се собереше и се држевме сите меѓусебе и бевме погласни…можеби ќе добиевме побрзо одговори” вели друга пацинетка.

Инаку, паралелно со истрагата на обвинителството поради сомневањата за криминално работење на онкологија во собранието беше формирана Анкетна комисија каде пред пратениците оваа недела ќе одговараат поранешните министри за здравство Сали и Филипче, актуелниот Меџити и екс директори на Клиниката.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )