Затвореник со месеци лежи во сопствениот измет

Затвореник со месеци лежи во сопствениот измет

Затвореник со скршеница осуден на 15 години затвор поради убиство на својата мајка повеќе од месец дена лежи во својот измет и нема кој да му пружи медицинска нега во затворот, за Алфа сведочи братот на одусеникот кој инсистираше да остане анонимен.

Од затворот го повикале да го земе осуденикот дома и да го лечи. Тој обвинува дека брат му прво бил удрен, а потоа паднал при што ја скршил бутната коска. За овој немил настан никој не го информриал ниту за операцијата која следела. По месец дена затвореникот бил однесен на контрола целиот во измет, при што докторот од државна болница не го прегледал и стравувал за зараза од сепса.  Филмовите за Хитлер и Треблинка се нула, брат ми е коска и кожа, раскажува соговорникот.

Од затворот појаснуваат дека тие немаат можност да пружат медицинска нега на неподвижно лице. Затворскиот директор во телефонски разговор појасни дека направиле прекин на издржувањето на казната од месец дена и побарале од братот на затвореникот да го згрижи, согласно Законот за семејство. Исто така, затворот се обратил и до геријатрија, но од таму се уште не му одговориле.

Затвореникот веќе петта година е во Идризово откако пролетта во март 2018-та во Тафталиџе брутално со нож до смрт ја избоде својата мајка. Според сведочењето на неговиот брат тој сега има помалку од 30 килограми и сликата за него е под секое човечко достоинство.

Овој 55 годишен затвореник кој месеци лежи во сопствениот измет е оставен на милоста на институциите кои имаат законска обврска да ја преземат грижата за него.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )