Кој да се грижи за родителите, додека нивните деца печалат во странство? – На истокот од државата има само еден Дом за стари лица

Кој да се грижи за родителите, додека нивните деца печалат во странство?„е прашањето кое си го поставуваат илјадници млади луѓе кои во потрага по егзистенција масовно ја напуштаат државата. Статистиката говори дека за разлика од пред две децении , сега има скоро 140илјади повеќе луѓе над 60години. Младите се иселуваат, а од друга страна нема старечки домови каде луѓето во трета доба ќе ги минат деновите, коментираат штипјани..   

Ќерката е во Скопје, синот во Германија. Додека сме со бабата добро е, но еден од нас ќе замине и… тогаш е за мислење. Каде ќе одат овие старци?Гледате што се случува . Останал сам дома..починал. Ај кажете кој да го чува – велат анкетираните штипјани.

Единствено, Дом за стари лица на Истокот, има само во Берово со капацитет од 39легла, отворен во соработка со Холандско-Македонска организација и Министерството за труд и социјална политика.  Речиси 70% од станарите на домот се родители на иселеници. Листата на чекање е долга.

Ние сме единствени во регионот. Заинтересираноста е многу голема на листа на чекање имаме над 130 – вели Живка Бојчевска Каламадиевска,директорка на Дом за стари лица во Берово.

Пред десетина  години Штип и Кочани покренаа иницијатива за изградба на домови за стари лица. Во Штип почна да се гради,но откако карабината заглави во правните лавиринти се прогласи за дивоградба. Во Кочани пак оваа идеја остана само на хартија, откако министерството за труд и социјална политика им одобри помалку пари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста