Ковачевски, Грковска и Османи во САД

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски е во работна посета во Соединетите Американски Држави. Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски се и Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење и Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Престојот е во рамки на триесетгодишнината од членството на Македонија во Обединетите Нации. Освен Ковачевски, во владината делегација се и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката Славица Грковска. Според најавите Ковачевски ќе има обраќање на отворена седница на Советот за безбедност во Вашингтон, а Ковачевски е предвидено да оствари средба со Државниот секретар на САД Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и Заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, Заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, и со повеќе сенатори и конгресмени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста