Касами: Нема да кренеме рака за уставни измени, се додека „20%“ не се замени со „албански јазик“ во Уставот

Касами: Нема да кренеме рака за уставни измени, се додека „20%“ не се замени со „албански јазик“ во Уставот

БЕСА го зацементира својот став, нивните пратеници нема да гласаат за уставни измени. Претседателот на движењето во интервју за РСЕ истакна дека власта нема да располага со нивните гласови за да ги вметнат бугарите во Уставот се додека не се избрише формулацијата 20% од јазикот што го зборуваат граѓаните, во албански јазик.

Сѐ додека владата не гледа интерес да го слушне нашиот глас, нема да гласаме за уставните измени. Нашата позиција е јасна. Владата покажа уште еднаш дека не е заинтересирана да ги турка напред уставните измени, отколку што е заинтересирана да ги преживее и последните денови и да го тера мандатот до крај. Зошто? Ние како движење пуштивме формално барање, но и заеднички став на албанската опозиција е дека во делот на уставните измени треба да влезе и промена на формулацијата на албанскиот јазик од „јазикот што го зборуваат 20 посто од граѓаните“ на формулацијата „албански јазик“, вели Билал Касами – БЕСА.

Иако власта постојано убедува дека ги имаат потребните пратеници за уставните измени да поминат во Собранието, месец и половина по оддржувањето на седицата за потребата од отворање на Уставот за впишување на Бугарите, сеуште не е свикано нејзино продолжување. Дека не им изглегува математиката по нивна желба и немаат обезбедено дополнителни пратеници потврдува и изјавата на министерот за внатрешни Спасовски, кој прашан дали имаат некој пратеник плус, не даде конкретен одговор.

Тоа ќе се покаже во моментот кога треба да се покаже, рече Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

Без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително и на партијата на Павле Трајанов, а сега официјално и на БЕСА, власта е далеку од потребната бројка за да ги внесе Бугарите во уставот и да ги задоволи апетитите на Софија. Токму здружувањето на БЕСА, Алтернатива и парттијата на Меџити го остава отоворено прашањето и дали овие две партии кои играат со БЕСА ќе се приклучат на барањата на Касами, а без нив владата на Ковачевски одвај стигнува до просто мнозинство за изгласување на уставните измени.

А дури и некако власта, што во моментов се чини невозможно, да обезбеди пратеници за уставните измени, сепак Бугарија нема да застане овде со барањата кон Македонија, а тоа го потврди и минитерот за надворешни работи Османи, кој во интервју за ФАЦ рече дека бил прилично сигурен дека Софија ќе има нови барања. На ова реагираше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски кој за Алфа истакна дека признанието на Османи е најдобар доказ дека ја лажат македонската јавност со години, како најдобар доказ за дволичната политика што ја водат.

Ако внимателно ги следите тезите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе видите дека и ние истото го кажуваме дека Бугарија нема да запре овде. И конечно тоа го призна министерот за надворешни работи. Се поставува логично прашање зошто да се исполнат овие бугарски барања кога немаме никаква гаранција дека нема да стават вето за 6 или 12 месеци и дека нема да испорачаат нови барања и нема да се бара од нас и тоа да се реализира, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за вестите на Алфа.

Инаку неофицијалниот рок за изгласување на уставните измени истекува на крајот од ноември, почетокот на декември, поточно до одржување на Европскиот совет, закажан за 14 -15 декември кога Унијата, доколку земјава ги има завршено уставните измени ќе донесе одлука за прегоговорите со Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )