Кампања пред кампања – СДСМ против предвремени избори, а раководството на терен како во предизборие

Црвените елеци на СДСМ ја шетаат Македонија. Една година пред одржување на парламентрните избори, партијата на Ковачевски излезе на терен, а плати и пари за нивната кампања Рамо до рамо да биде на уличните билборди. Социјал-демократите почнаа предизборна кампања иако беа децидни предвремени избори немало да има. Зошто сега превземаат вакви активности и какви пораки упатуваат, дел од комуниколоците и аналитичарите согласни, знаат дека тонат, сега го проверуваат пулсот на членството.

Аналитичарот Пекевски за Алфа вели сега им текна на СДСМ да се појават пред народот и да се претставуваат како народна партија.

  • „Владејачката партија е свесна дека нејзиниот брод тоне и по мое мислење ќе ја доживее судбината на Демократска странка во Србија и ќе се сведе на минорна партија во Македонија како партиите на ЛДП, НСДП, тоа е едниот мотив. Вториот мотив е што уште од сега се спремаат на избори и се обидуваат колку толку барем да чујат нешто од народот и да покажат дека се дел од народот и дека се меѓу нив, бидејќи сакаат да се декларираат како народна партија и третиот момент зошто се они меѓу народот и зошто ја прават оваа кампања заради тоа што сакаат да го одвечкаат вниманието од скандалите и коруптивната зделка што ја имаат направено со Бехтел и Енка.“ – Вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Од власта и ДУИ прави кампања, меѓусебно со фракцијата си ги мерат силите преку средби со граѓани, па дури и митинзи.

Комуникологот Кордалов, вели партиите треба да внимаваат каква содржина промовираат и да излезат навистина меѓу народот оти ако одат само кај партиските поддржувачи нема да добијат ништо плус.

  • „Сите политички партии во најголем дел од времето одат кај своите членови и симпатизери, тоа го прават затоа што се така навикнати и тоа е лесен рецепт кој се применува од година во година, второ затоа што секоја политичка партија се плаши од реакциите на луѓето доколу не ја контролира целокупната ситуација и тоа е нешто кое највеќе го подрива нашето општество. Мора да разбереме дека различното мислење и критиката е здрава и многу добра.“ – Вели комуниколгот Бојан Кордалов.

СДСМ и ДУИ сепак продолжуваат со средбите и билбордите, иако негира дека се можни предвремени избори, сепак нивните кампањи личат токму како да се наменети за избори, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бара бирање на нова власт и тие се на терен и имаат средби со граѓани, а од движењето БЕСА, односно нивниот претседател Касами веќе изјави дека оваа година сепак се можни предвремени парламентарни.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста