Историчарите „Во фокус“ – Македонија  мора да се врати кон корените, а потпишаните договори да бидат раскинати

Се избриша Република Македонија, па и придавката македонски, македонските историски личности станаа дел од грчкото античко наследство, па дури и се брусеа шахти во обид трајно да зајде Сонцето од Кутлеш… Се што побара Грција, доби…

Четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор, револтот кај историчарите не стивнува.

Било каков договор кој претендира да промени една нација или на држава, а уште повеќе и да присвојува историско наследство е надвор од европските тенденции, анаизира за Алфа историчарот Митко Панов.

Македонија мора да се врати кон корените, а потпишаните меѓународни договори да бидат раскинати, коментира истржувачот и член на „Македонски манифест“ Дардан Венетски.

Договорот кој ја прекрсти Македонија помина без параф од претседателот Ѓорге Иванов и без да биде одобрен од граѓаните на референдум – на сила беше протуркан во Собранието, а уставните измени беа изгласани со уценување на дел од пратениците. Успешната европска приказна која ја продаваше власта, засега остана само желба, а Преспанскиот Договор можеби ги реши проблемите со Грција но ги зголеми апетитите и амбициите на Бугарија која сега стои на патот до Брисел.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста