ССМ од понеделник ќе повика на генерален штрајк ако нема објаснување за барањето за повисоки плати

Празните ветувања на власта го креваат на максиму синдикалниот револт. Од ССМ најавуваат генерален штрајк ако деновиве нема јасна информација како и кога ќе се реализира ветувањето за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор.

Наместо потпишување на договор за зголемување на платите за 2.806 денари, допрва ќе се кроела методологија за продуктивноста на работниците. Најголемиот Синдикат во земјава извиси. Најавуваат серија протести, но и генерален штрајк ако не се исполни владиното ветување. Велат дека во предлог ребалансот не биле предвидени пари за линеарно зголемување на платите.

  • Незадоволство е огромно од ваквиот однос на Владата спрема нас. Во 5 до 12 да се утврдува и да се бараат изговори дека сега ќе правиме методологии и сега ќе бараме оценување,а веќе го има во секој закон, во секој колективен договор. Тоа само покажува колку владата ги почитува вработените и работниците во земјава, изјави Трпе Дејановски од УПОЗ.

Синдикалците велат дека ќе остават простор уште неклку дена за да видат дали ќе се направи некоја измена, но ако тоа не се случи сите излегуваат на улица.

  • Штрајкови и протести секако дека ќе се организираат, цело време сме на телефони. Незадовоството е огромно, во 5 до 12 да се утврдува и да се бараат изговори дека сега ќе правиме методологија и оценување, а веќе кажав дека тоа веќе го има во секој закон и колективен договор, тоа само кажува колку Владата ги почитува вработените, додава Дејаноски од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Министерот за финансии Фатмир Бесими се огласи дека било потребно да се креира нова сеопфатна методологија, со која ќе се прилагодуваат платите во јавниот сектор.

  • Во оваа методологија ќе се вреднува продуктивноста, како и одржувањето на стандардот (растот на реалната плата и инфлацијата). Соодветно кога ќе се постави методологијата ќе се наменат и средства”, пишува Бесими.

Сојузот на синдикати, каде членуваат и државни и приватни компании, побараа линеарно зголемување на сите плати по 2.806 денари, како одговор на зголемениот минималец, но и поради високиот раст на храната и енергенсите.

Синдикалците беа повикани на средба со владините претставници каде се договорија за нова средба, но од тоа нема ништо.

Претходно, во знак на револт, наместо на марш, ССМ излезе на првомајски протест, но повторно не добија ништо од Владата. Сега, во ребалансот на буџетот се предвидени само пари за повисоки плати за просветарите за 15%, како и раст на пензиите од септември.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста