Инфлацијата е на рекордно високо ниво, трошоците за живеење се за 18,7% поголеми од лани

Инфлацијата не попушта. Државна статистика измери нов рекорд, трошоците на живот се 18,7 отсто поголеми во однос на истиот месец минатата година, а цените на мало  пораснале за 14.7 % за една година. Најмногу поскапела хрaната и тоа за речиси 29 %. Големи поскапувања има и кај другите ставки – трошоците за комуналии биле поголеми речиси 20%. Струјата поскапела за речиси 24%, парното за 30%, бензините за речиси 50%.  Услугите во рестораните поскапеле за над 26%, а сместувањето во хотелите за речиси 50%.

Трошоци на живот                      18.7%

Храна и пијалаци                         28.7%

Алкохол и цигари                         8.5%

Комуналии                                   19.4%

Транспорт                                     13.6%

Угостителство                               26.1%

(09.2022 vs 09.2021) Извор: ДЗС

Според податоците од Државна статистика за една година најмногу поскапел лебот и тоа за скоро 50 проценти повеќе. Зејтинот бил поскап за речиси 45%, млекото, млечните производи и јајцата за 36%, месото за над 26%, шеќерот за речиси 23%, овошјето се продавало за речиси 18% поскапо, зеленчукот за речиси 13%, алкохолот поскапел за над 11%, а цигарите за 7.6%

ПОСКАПУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Цени на храна

Леб и жита                                       47.7%

Месо                                                 26.2%

Млеко, сирење, јајца                   36.0%

Масла и масти                                 44.8%

Овошје                                             17.4%

Зеленчук                                          12.9%

Граѓаните се жалат дека секој ден е се поскапо и поскапо и примањата едвај им стигнуваат , влегувањето во маркет секој ден е изненадување во однос на цените.

Откако цените на млечните производи енормно „скокнаа“, Владата ги замрзна маржите за млечните производи: урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт на 10 проценти во трговијата на големо и трговијата на мало. Ограничена е и маржата на оснвните прехранбени производи до 31 декември 2022 година. Експертите и граѓаните реагираат дека ограничувањето на маржите веќе не дава ефект зашто е се веќе енормно поскапено. Дел од економистите сметаат дека е потребно замрзнување на цените на основните производи.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста