Инфлацијате се ближи кон критичните 20%, потоа ќе биде потешко да се контролира

Во економијата нема простор за импровизации. На ова, уште минатиот месец предупредуваа врвни економски експерти, кои навреме сигнализираа, дека ако инфлацијата надмине 20%, потоа ќе биде многу потешко да се контролира. А што направи македонската Влада, или поточно – што не направи? Ја остави земјата без конкретна стратегија – како да се помине, низ овие тешки времиња. Резултат на ненаправеното, е живееме во држава, со инфлација од 18,7%, која е пониска, единствено од Украина и Молдавија.

Сите стравуваа, но лошото полека доаѓа, а тоа е стапката на инфлацијата која е се поблиску до 20%. Токму за ова по кој знае кој пат алармираа експертите. Економистот Бранимир Јовановиќ за Алфа навреме предупреди дека ако инфлацијата расте, тоа ќе биде погубно најпрво за граѓаните, потоа за малите бизниси, и на крај за цела држава, немоќна да се справи со ситуацијата. Тоа, според економистите, се дожи на слабото работење на државата, и немањето конкретна стратегија која ќе помогне да се излезе од овој тежок период. Според економистите ако власта и натаму спие, инфлацијата за многу брзо ќе стаса и 20%.

  • Инфлацијата во Македонија е вон контрола, па така ова не треба никого да чуди, затоа што Владата не прави ништо за да ја заузда. Голема илузија е дека инфлацијата ќе се намали сама од себе. Тоа нема да се случи од две причини. Првата е што цените на меѓународните пазари продолжуваат да растат, особено на гасот и струјата. Втората е што домашните фирми ја користат ситуацијата и ги креваат цените и кога нема потреба, само за да си ги зголемат профитите, вели економистот Бранимир Јовановиќ за Алфа.

Дека скапотијата повеќе го топи семејниот буџет уште еднас потврди и државната статистика. Поскапувањето најмногу се должи на скапата храна односно на основните производи, чии маржи се ограничени до крајот на годината, но тоа нема никаков ефект.

Скапата живеачка од ден во ден се повеќе се чувствува врз семејните примања. Па така, ако се суди според гласот на стопанството, не очекува уште потежок период, со уште повисоки цени, и се стравува дека сегашниот процент на инфлација ќе биде уште поголем.

За само една година најмногу поскапеа лебот, маслото за јадење, млекото,  јајцата, сирењето, млекото. Потоа следи шеќерот, овошјето и зеленчукот.

Граѓаните се жалат дека секој ден е се поскапо и поскапо, а со примањата едвај крпат крај со крај.

Економистите по кој знае кој пат алармираат дека состојбата не чини и дека државата до сега требаше под итно да преземе мерки за ублажување на ценовното цунами. Пакетот антикризни мерки се уште го нема и доцни со недели. Но власта вели дека ќе биде, кога најверојатно од следната недела.

За разлика од кај нас кои правиме се за да се исели населението, владите во другите држави прават се за да ги задржат работниците, со повисоки плати во време на скапотија.

Дека Македонија е една од најлошите земји со висока стапка на инфлација од 18,7%, потврдуваат и меѓународните финансиски институции. Друштво и прават, односно полоши од нас се само Украина и Молдавија.

Па така, ако држвата не направи сериозен исчекор во догледно време, за жал ќе заборавиме на добар економски просперитет, велат економистите, и Македонија само ќе се обидува да преживее, наместо сериозно да се развива.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста